Економија
Користењето на алтернативните горива ќе го намали загадувањето и ќе ја зголеми конкурентоста на економијата
Употребата на алтернативните горива во индустријата ќе донесе видливи придобивки за животната средина, за општеството и за економијата на земјата и затоа нивната употреба во Македонија треба да се охрабри и стимулира по примерот на развиените земји и членките на Европската Унија. Ова е еден од заклучоците и препораките на учесниците на панел-дискусијата посветена на темата за употребата на алтернативните горива во Македонија во организација на Центарот за почисто производство при Машинскиот факултет во Скопје и УНИДО – Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации.
„Во науката е постигнат прилично јасен консензус за употребата на отпадот како гориво во индустријата, а особено за придобивките од тоа. Дефинитивно, се работи за еколошко решение на проблемот со акумулирање и депонирање на отпадот и намалување на употребата на необновливите фосилни горива. На тој начин се поддржува концептот на развој на индустриите со ниски јаглеродни емисии и т.н. циркуларна економија, со што недвојбено се придонесува кон остварување на основните цели на одржливот развој“, смета раководителот на Центарот за чисто производство при Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Атанас Кочов.
Алтернативните горива се употребуваат во развиените индустриски земји и членките на Европската Унија повеќе од 15 години. За овој временски период развиени се современи технолошки решенија. кои овозможуваат нивна ефикасна употреба во индустријата, со што значително се намали потрошувачката на фосилни горива. Во овoј сегмент лидер е Германија, каде што употребата на алтернативни горива заменува и до 65 отсто од фосилните горива во индустријата. Тоа влијаеше на намалување на емисиите на штетните стакленички гасови во атмосферата, како и на загадувањето на водата и почвата. Покрај ова, користењето на отпадот како гориво им овозможи на развиените земји да го сопрат ширењето на депониите и да создадат нови работни места во индустриските капацитети за подготовка и употреба на ваквиот вид горива.
„Фрлањето и акумулирањето отпад во депонии е веќе законски забрането во Германија и Австрија, а очекувањата се дека набргу нивниот пример ќе го следат и другите членки на ЕУ, со оглед на тоа што една од целите на Директивата 98/2008 е да се сведе на минимум просторот за депонии, со тоа што ќе се применуваат технологии за обнова на материјали и енергија. Токму тоа се постигнува со примена на алтернативните горива, кои во дел се добиваат со селекција и соодветна подготовка на отпадот што досега само се складираше на депонии, а се создава во прехрамбената, текстилната индустрија, земјоделството, но и во самите домаќинства“, објаснува д-р Никос Николакакос од европската организација Cembureau со седиште во Брисел, која има големо искуство во оваа област.
Покрај домашни и странски експерти од оваа област, на панел-дискусијата учествуваа и претставници на државните институции, компании и невлaдиниот сектор, а беа презентирани и неколку позитивни примери, искуства и идејни проекти на домашните компании: „Електрани на Македонија“, „Пивара Скопје“, цементарница „Усје“ и „Везе Шари“, чија заедничка цел е енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии во воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

