Економија
„Кроација осигурување“ со одложено плаќање на новите полиси

Имајќи ги предвид одлуките на претседателот на државата, Владата на РСМ, но и компаниски преземените мерки и чекори за справување со состојбата, а со цел помош и поддршка на клиентите во овие вонредни моменти, „Кроација осигурување“ информира дека во периодот од 20.3.2020 до 19.4.2020 воведува нова поволност за нашите клинети: „Не одложувај го осигурувањето, ние за вас го одложивме плаќањето“.
Компанијата донесе одлука со цел воведување олеснителни услови за клиентите. За секоја нова полиса склучена во наведениот период, плаќањето ќе биде одложено до 1 јуни 2020 година.
Мерката е донесена со цел заштита на здравјето на клиентите и нашите вработени, како и обезбедување бенефит за клиентите да бидат обезбедени со осигурување и во овие моменти.
Сигурноста и здравјето на сите наши клиенти и вработени е на прво место.
#ОСТАНИДОМА
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Економија
(Видео) Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами со големите цени и високите сметки, ги одби законите за ДДВ

Кога денеска или утре ќе платите висока сметка за струја, кога во маркет ќе мора да платите прескапи цени за храна да знаете дека има причина за тоа, оценува пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
„На 24 февруари пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН одбија да ви помогнат, ги одбија Законските решенија на СДСМ намалување на ДДВ-то за струја и укинување на ДДВ за храна. Оваа власт покажа дека не се грижи за граѓаните и нема намера да преземе ништо, ниту да ги заштити оптеретените семејни буџети ниту да им помогне. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, животниот стандард опаѓа. Нашиот предлог Закон за намалување на ДДВ за струја на 5% и целосно укинување на ДДВ-то за храна беа со посветена цел: да се спречи скапотијата, да се намалат цените, да се обезбеди пониски сметки за струја за над 600 илјади домаќинства и да се заштити стандардот на народот“, вели таа.
Појасни дека само со укинување на ДДВ за храна, граѓаните би заштедиле 2.000 денари месечно а со намалување на ДДВ за струја до 400 денари месечно.
Но Владата на Мицкоски, според неа има други приоритети.
„Граѓаните не и се приоритет. Граѓаните кои секој ден се борат со огромната скапотија и едвај врзуваат крај со крај се оставени сами.
Ова го покажува вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кое се грижи само за елитата и за богатите трговци“, нагласи таа.
СДСМ, како што најави, ќе продолжи неуморно да се залага за мерки што ќе го подобрат животниот стандард и ќе го заштитат достоинството на секој македонски граѓа
Економија
Ангеловска-Бежоска – Ван Рај: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во посета на нашата земја во рамките на редовната мисија на ММФ за оцена на макроекономските политики на земјата.
На средбата се зборуваше за политиките на централната банка во изминатиот период на последователни кризи, како и за предизвиците за следниот период. Притоа беше оценето дека соодветно поставените политики и преземените мерки придонесоа за значително намалување на инфлациските притисоци, одржување на стабилноста на девизниот курс како номинално сидро, пораст на девизните резерви и за одржување на стабилноста на банкарскиот систем. Сите овие подрачја на редовна основа се разгледуваат со претставниците на ММФ во рамките на мисиите поврзани со членот 4 од договорот за членство во Фондот. Марникс ван Рај изрази позитивен став за начинот на спроведување на монетарната и макропрудентната политика од страна на Народната банка и нагласи дека е потребно натамошно претпазливо водење на политиките, со оглед на тековните ризици од надворешното окружување.
Гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, посочи дека централната банка е посветена на одржувањето на севкупната макроекономска стабилност и упати на потребата од внимателност, во услови на зголемени глобални неизвесности, но и домашни ризици. Воедно, таа се осврна и на банкарскиот систем, при што истакна дека Народната банка постојано презема повеќе макропрудентни мерки за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Како резултат на овие мерки, податоците покажуваат унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор во однос на преткризниот период, со највисока адекватност на капиталот во изминатите две децении.
На средбата со високиот претставник на ММФ беше зборувано и за значењето на независноста на централната банка за успешното остварување на нејзините законски цели.