Економија
Левица: Владата со нови 65 милиони евра задолжување – јавните финансии неодржливи

Министерството за финансии преку две аукции на државни записи и обврзници, закажани за 3 септември, планира да се задолжи за вкупен износ од четири милијарди денари или 65 милиони евра. На аукцијата ќе бидат понудени 15 годишни државни обврзници во износ од 24,3 милиони евра со каматна стапка од 5,6%. На втората аукција ќе бидат понудени едногодишни државни записи во износ од 40,7 милиони евра со каматна стапка од 3,8%, велат од Левица.
„Македонија подолг период е влезена во циклус на задолжувања, и во времето на СДС и сега за време на владеење на ДПМНЕ и ЗНАМ со што јавниот долг секојдневно руши рекорди. Износот на јавниот долг, заклучно со 31 март оваа година достигна неверојатни 8,76 милијарди евра. Состојбата станува неодржлива бидејќи од година во година се задолжуваме сѐ повеќе, а долгот за враќање ги чини македонските граѓани сѐ поскапо. Проекциите до крајот на 2024 година се дека јавниот долг ќе достигне ниво од 61,7 проценти од БДП.
Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ уште на почетокот на својот мандат започна со задолжувања! Со ваквите постапки, не само што со ништо не се разликуваат од претходната, клептоманска власт на СДС и ДУИ, туку докажуваат дека не се поучиле ниту од грешките кои ги направи владата на Груевски. Веќе видено е сценариото кога се во опозиција да плукаат по грешните потези на власта, а кога се власт да ги практикуваат истите тие грешни потези.
Левица е крајно загрижена за постојаниот раст на јавниот долг и предлага негова целосна ревизија, како и покренување на постапка за одговорност и рефундација од надлежните функционери кои недомаќински и расипнички трошеле за време на нивниот мандат! Исто така, сметаме дека не треба да се креира нов јавен долг за тековни трошења, туку само за капитални инвестиции како и воведување на горна дозволена граница од максимален јавен долг од 60% од БДП, како европски стандард. Овие предлози, како и запирање на непродуктивните буџетски расходи и ограничување на максималниот буџетски дефицит, се дел од програмата на Левица“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ново од Минт кредит – поддршка за стартапите

Да започнете сопствен стартап е возбудлива авантура – идејата е свежа, енергијата е огромна, а визијата јасна. Но, секој претприемач знае дека патот од идеја до реализација на успешен бизнис бара финансиска стабилност. Токму тука ние, Минт Кредит, стануваме вашиот партнер за стартап кредит.
Во Минт Кредит веруваме дека стартапите се моторот на новата економија, и затоа нашиот бизнис кредит е создаден токму за луѓето кои не се плашат да ризикуваат и да создадат нешто свое.
Нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица кои сакаат да го претворат својот потенцијал во успешна приказна.
Бизнис кредит – Брз стартап кредит без чекање
Во светот на стартапите, времето е сè. Можностите се менуваат од ден во ден, а да се биде чекор пред конкуренцијата значи многу. Затоа, бизнис кредитот од Минт Кредит е создаден да биде брз, едноставен и флексибилен.
Нашиот тим знае колку е важно стартапот да добие поддршка веднаш, кога му е најпотребна. Заборавете на долгите процедури и бескрајни состаноци, кај нас процесот е транспарентен, лесен и целосно дигитален.
За да аплицирате треба да сте правно лице со јасна визија и амбиција, без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири.
Што добивате со бизнис кредитот од Минт Кредит?
Нашиот бизнис кредит за стартапи е создаден со разбирање на реалноста. Не бараме сложени формалности, туку ја гледаме суштината – вашиот потенцијал, вашата визија и вашата посветеност.
Со нашиот бизнис кредит за стартапи добивате финансиска поддршка до 1.000.000 МКД, со рок на отплата до 60 месеци и можност за грејс период до 24 месеци. Тоа значи дека можете да започнете со реализација на идејата веднаш после одобрување. Без нејасни услови – само понуда создадена да им даде поддршка на младите претприемачи.
Стартап кредит што работи во корист на претприемачите
Кога велиме дека нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица, тоа навистина го мислиме.
Знаеме дека на почетокот секој ден и секоја финансиска одлуика се важни. Затоа, нашиот бизнис кредит за стартап е дизајниран да им овозможи на новите компании да се развиваат без дополнителни притисоци.
Со Минт Кредит можете да искористите стартап кредит за да:
- Инвестирате во нова опрема или технологија,
- Отворите канцеларија или продавница,
- Вложите во маркетинг за да го лансирате вашиот бренд,
- Ангажирате нови членови во тимот,
- Го финансирате секој чекор од вашиот бизнис раст.
Секој проект е различен, но сите имаат заедничко нешто: финансиската поддршка од Минт Кредит што ги движи напред. Нашиот бизнис кредит за стартапи не е само бројка, тој е поддршка за вашата визија и труд.
Како до бизнис кредит за стартап?
Едноставно. Брзо. Без компликации.
- Аплицирајте онлајн на Минт Кредит, во една од нашите филијали, или јавете се на 15 107.
- Доставете ги основните документи за вашиот бизнис.
- Добијте одговор за кратко време затоа што знаеме дека стартапите немаат време за чекање.
Нашата цел е да бидеме ваш вистински партнер, не бирократска пречка.
Зошто Минт Кредит е вистинскиот избор за стартап кредит?
- Брзина и ефикасност – од апликација до одобрување за кратко време.
- Разбирање за стартапи – ние знаеме како размислуваат младите претприемачи.
- Флексибилни услови – прилагоден рок и грејс период за безгрижен почеток.
- Поддршка и совети – нашиот тим е тука за да ви помогне со насоки и препораки.
- Транспарентност – кај нас секој услов е јасен, без скриени трошоци.
Кога стартапите размислуваат за финансирање, често мислат дека тоа е долг и сложен процес. Ние го менуваме тоа. Со Минт Кредит, добивате брз бизнис кредит кој ја поддржува вашата визија.
Зошто стартап бизнисите најчесто “заглавуваат”?
Секој стартап започнува со идеја, но патот до стабилен бизнис ретко е едноставен. Најчестите проблеми што ги гледаме кај младите компании се:
- Недостиг на почетен капитал – без доволно средства, дури и најдобрите идеи остануваат само тоа, идеи.
- Проблеми со редовен приход – првите месеци често се непредвидливи за стартапите, посебно додека сеуште немаат стабилни и предвидливи приходи.
- Ограничен пристап до финансирање – традиционалните банки често бараат долга историја и големи гаранции шти ги прави недостапни за стартапите.
- Недостиг на простор за раст – без потребната финансиска поддршка, тешко е за стартапите да инвестираат во нова технологија, маркетинг, или проширување на нивниот тим.
Минт Кредит – партнер на новата генерација претприемачи
Во Минт Кредит веруваме во иновативноста, храброста и визијата на македонските стартапи. Знаеме дека секоја голема приказна почнува со мала идеја и со вистинска поддршка.
Нашиот бизнис кредит е повеќе од финансиски производ. Тој е партнерство за секој што има амбиција да создаде нешто свое, уникатно и успешно. Со Минт Кредит, стартапите не мора да чекаат совршен момент, можат да го создадат.
Аплицирајте денес за стартап кредит од Минт Кредит и развијте го вашиот бизнис со сигурност, поддршка и брзина.
(ПР)
Економија
„Булмак 2016“ уплати 58,2 милиони денари на државата и на општините Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица за концесија

Компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, „Булмак 2016“ извести дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Од нив 22% одат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари, а останатите 78% или 45.420.255 денари одат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.
„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ вели Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.
Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари.
Од „Булмак 2016“ велат дека остануваат посветени на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.
Економија
„Нестле“ ќе отпушти 16.000 работници

Прехранбениот гигант „Нестле“ денес објави дека ќе отпушти речиси 16.000 работници во следните две години за да ги намали трошоците.
Компанијата ќе отпушти приближно 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште четири илјади по спроведувањето мерки за подобрување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување.
„’Нестле’ мора да се промени побргу за да се приспособи на променливите глобални услови“, рече извршниот директор Филип Навратил додавајќи дека отпуштањето работници е тешка, но неопходна одлука.
Како дел од новиот план, менаџментот на „Нестле“ има намера да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (3,23 милијарди евра) до 2027 година. Досега тие планираа да ги намалат трошоците за 2,5 милијарди франци. Најголемата светска компанија за храна објави намалување на работните места во својот прелиминарен деловен извештај за првите девет месеци од оваа година.
Во периодот од јануари до септември приходите на „Нестле“ изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е намалување од 1,9 процент во однос на истиот период минатата година. Кога се исклучуваат флуктуациите на валутите и еднократните ставки, приходите се зголемија за 3,3 проценти.
За цела 2025 година, менаџментот на „Нестле“ очекува малку посилен органски раст од минатата година, без да прецизира бројки. Резултатите од минатата година покажаа стапка на раст од 2,2 процента, најниска за најмалку 25 години.