Економија
Левица го поддржува протестот на синдикатот во Прилеп
Левица го поддржува протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати во Прилеп. Во соопштението се наведува дека последниот период сме сведоци на повторно актуелизирање на работничките прашања и синдикалната борба, што е сосема нормално и очекувано ако се земе предвид фактот дека на власт е повторно партија која е во спрега со крупниот капитал и која работи на штета на работниците.
,,Синдикатот на УПОЗ излезе со барање за судските службеници да добиваат
35% на додатоците за плата и да им се вратат незаконски задржаните пари
на работниците за време на штрајкот во 2016 година, како реакција на
зголемувањето на платите на судиите за 35%. Синдикатот најави дека
доколку овие нивни барања не бидат исполнети, тие ќе започнат штрајк.
Треба да го имаме предвид фактот дека овој синдикат ги има организирано
најдолгите штрајкови во историјата на Република Македонија (60 дена во
2016 година и 82 дена во 2000 година). Владата на Зоран Заев би можела
да биде сериозно потресена од уште еден долг штрајк на административните
работници”, се вели во соопштението.
Конфедерацијата на слободни синдикати истакна барања за
промена на Општиот колективен договор за јавен сектор, усогласување на
платите согласно минималната плата и реалните промени на трошоците за
живот, обезбедување на правото на регрес за годишен одмор (К-15) за сите
вработени во јавниот сектор и други барања. КСС најави свој протестен
марш во Прилеп за 15.12.2018 со почеток во 11:30 часот.
Левица како работничка партија застанува зад сите барања кои имаат за
цел да го подобрат работничкиот живот и да го зголемат достоинството кај
работниците. Потребни се мобилизации и повторно освојување на јавниот
простор од страна на работниците како и масовно вклучување во
синдикатите со цел нивна демократизација и претворање во вистински
алатки за социјална и работничка борба. Членови на прилепскиот огранок на Левица ќе бидат присутни во сабота помеѓу работниците во Прилеп за да ја изразат својата солидарност и поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

