Економија
Летови од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон со „Визер“ само налето
Вообичаена пракса во авионската индустрија е фреквенциите на летовите да се менуваат според патните периоди и перформансите на рутите. „Визер“ постојано ги следи перформансите на своите рути за да овозможи најпопуларните дестинации да имаат најниски цени. Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона како и од Охрид до Лондон Лутон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона, соопшти компанијата „Визер“ во врска со објавата за прекин на летовите до Барселона и Лондон Лутон.
Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите билети.
,,Во последните 7 години, од кога првпат почнавме да работиме во Македонија па сè до денес, „Визер“ е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување поволни можности за патниците ги стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја. Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 „ербас 321“ и „ 2 ербас A320“, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на „Виз“ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на „Виз“ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година.
„Визер“ ја нагласува својата посветеност на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид. „Визер“ во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година. Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на „2 ербас A320“ авиони од локалната флота со два нови „ербас A321“ и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

