Економија
Лукаревска: Одобрени 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ги соопшти резултатите од одзивот на владините мерки од економските пакети за поддршка на стопанството од последиците од корона-кризата.
Таа оцени дека досега одобрени се 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати.
Барањата ќе се обработат и потврдат во рок од три дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април 2020 година.
Како што појасни Лукаревска, од вкупниот број на поднесени барања од компании, најмногу се од угостителската дејност – 2.377 барања. Понатаму барања за исплати на плати поднеле 253 туристички агенции, 2.177 компании од областа на транспортот, 258 објекти за сместување и 16.625 останати дејности.
Таа напомена дека сите работодавачи, со комплетно барање по обработка на МПИН-образецот ќе бидат информирани за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе им биде исплатена.
Согласно донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, тие имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно.
За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност (образец БСФ-СВД) до Управата за јавни приходи. Оваа група на даночни обврзници поднеле 2.164 барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 за своите вработени од кои: угостителска дејност – 369; објекти за сместување – 11; туроператори – 1; транспорт – 136; останати -1.647.
Преку Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, со која се овозможува на работодавачите за месеците април, мај и јуни 2020 за секој осигуреник да користат субвенција за исплата на придонесите од задолжително осигурување, најмногу до 50% пресметани на просечната бруто-плата по работник во РСМ, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во јануари 2020 година.
За остварување на правото на субвенционирање, работодавачот поднесува барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително осигурување (образец БС-ПЗСО) до УЈП. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 5 дена од доставувањето на барањето.
Поднесени се вкупно 816 барања (образец ДЛД-ОМА), а прифатени се 597 барања.
За мерката ослободување на износот на аконтации од данок на добивка (образец ДД-ОМА), вкупно поднеле 1019 даночни обврзници, а прифатени се барањата на 747 даночни обврзници, и тоа: 149 од дејност транспорт; 114 од дејност угостителство; 79 од дејност туризам; 405 од останати дејности.
Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува издавање на електронска фактура, со што се олеснува работењето на даночните обврзници во периодот на кризата.
„Сакаме да потсетиме дека со донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка се намалува процентот на каматата за задоцнето плаќање од 0,03% на 0,015%. Исто така, Управата за јавни приходи согласно оваа уредба нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година“, рече Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

