Економија
Македонија и Словенија имаат голем потенцијал за економска соработка
Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со министерот за економија и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек, учествуваа на македонско-словенечкиот бизнис-форум, на кој присуствуваа над 100 компании од двете земји, организиран во рамките на официјалната посета на нашата земја од страна на владината делегација од Словенија, предводена од премиерот Миро Церар.
На форумот министерот Бектеши истакна дека двете земји имаат континуирано успешна економска соработка, а Словенија континуирано е на листата на значајни инвеститори во земјата. Според податоците од НБРМ, вкупниот кумулативен прилив на СДИ од Словенија за периодот 1997 – 2016 година изнесува 374,5 милиони евра или околу 8,1 отсто од вкупниот прилив на СДИ во земјата за истиот период, кој изнесува 4 милијарди и 657,3 милиони евра поради што Словенија го зазема петтото место меѓу земјите најголеми инвеститори во Македонија.
Министерот Бектеши пред бизнисмените од Словенија ги презентира условите и поволностите што ги нуди Македонија за сите заинересирани компании за инвестирање, како и неодамна донесените Закон за поддршка на инвестициите и план за економски раст, кои нудат цела линија можности за финансиска поддршка на инвестициите, а како полиња за засилена соработка беа споменати бањскиот туризам, иновациите и технолошкиот развој, како и инвестирањето во обновливите извори за енергија преку воведувањето на премиум-тарифите.
„Владата дава поддршка за нови вработувања, за воспоставување и унапредување соработка со доставувачи од РМ, за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, за зголемување на конкурентноста на пазарот, за освојувања пазари и пораст на продажбата. На располагање ви се и технолошките и индустриските зони, кои нудат многубројни даночни и царински поволност, или надвор од нив“, изјави Бектеши.
Министерот за економија и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек, изјави дека Словенија и Македонија имаат многу добри економски односи истакнувајќи дека Словенија со инвестиции е присутна подолг период во Македонија, а ги поздрави новите инвестиции од две македонски компании во Словенија. Интересот на словенечките инвеститори за Македонија почнува од 1994 година, но позначајните приливи на инвестиции започнуваат по потпишувањето меѓусебната спогодба за поттикнување и заемна заштита на инвестициите, која стапи во сила во 1999 година и речиси со иста динамика продолжуваат и во последните неколку години. Најголем прилив на капитал е забележан во 2009 година и 2010 година, а со надминувањето на политичката криза во земјата и цврстата определба на оваа Влада да биде дел од евро-атлантските текови очекуваме овој тренд да продолжи и да се зголемува од оваа година. Досега најатрактивни за словенечките бизнисмени биле банкарскиот, осигурителниот, услужниот сектор и недвижностите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

