Економија
Манчевски: Бројот на вработени во јавниот сектор за првпат се намалува
Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2017 година. Според овие податоци, во 2017 година имало 1.299 институции и 128.722 лица со работен однос.
Како што истакнуваат од Mинистерството, оваа бројка е за 931 помала од бројот на вработени во 2016 година. Министерот Дамјан Манчевски изјави дека причина за тоа е што конечно се вработува според потребите на институцијата, а не според потребите на партијата на власт.
„Во извештајот за првпат се објавува бројот на вработени во Акционерските друштва во 100% државна сопственост и вработените преку Агенцијата за привремени вработувања. Во Акционерските друштва има 8.633 вработени, а преку АПВ работно ангажирани се вкупно 1.624. Оваа бројка до мај 2017 била значително поголема – 2.064 лица. Вкупната бројка на вработени вклучително АД и АПВ изнесува 139.009 вработени“, информираше министерот Манчевски.
Како што беше истакнато, за разлика од овие бројки, Регистарот на вработени, што треба да е основен извор на овие податоци, покажува различна слика, односно 1.304 институции и 69.380 активни решенија. Причина за ова е нередовното и несоодветно внесување и ажурирање на податоците во Регистарот.
„Тоа што сакам да потенцирам е дека активно работиме на конечно решавање на овој проблем. Со таа цел, како што знаете, променивме 4 закони (Закон за Управа за јавни приходи, Закон за даночна постапка, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување и Закон за вработени во јавниот сектор). Ова резултираше со значително зголемување на внес на податоци во Регистарот. Само за илустрација, во декември 2017 година имало 15.533 организациони единици (сектори, одделенија), додека во март 2018 година нивниот број е 37.615“, рече Манчевски.
Тој истакна дека по завршувањето на законски предвидениот рок од 3 месеци, за внесување на сите податоци во Регистарот, по што ќе следи санкција со неисплаќање на плати, конечно, ќе има Регистар кој ќе одговори на задачата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

