Економија
Мартин и Стефан – бренд амбасадори на Renault
· Брендот Renault со задоволство ви го најавува новото поглавје – Renaulution кој започнува со целосно новиот иновативен и импресивен Е-tech SUV Austral;
· Бендот Next Time ќе го промовира најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech.
„Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и
ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна.
Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот.” – изјави Мартин Филиповски.
Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи.
Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата:
- 100% Хибрид без потреба од полнач на струја;
- Силуетата на целосно новиот Austral е видливо атлетска – спортска во верзијата „Esprit Alpine“;
- Првиот модел во гамата на Renault што ги користи сите предности на новата CMF-CD платформа на Алијансата;
- Мултимедијален систем OPENR – 774 cm2 интуитивна технологија;
- Врвен звук Harman Kardon – технологија со опкружувачки звук со 12 звучници;
- Клиентите можат да изберат од новиот E-TECH Hybrid мотор (до 200 КС), нов 48 V Mild Hybrid Advanced мотор (130 КС) или 12 V благ хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на CO₂;
- Напредна технологија 4CONTROL Advanced;
- Инкорпорира 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS).
Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time комплетно соодетствува со целосно новиот Austral – SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина.
Моделот Austral e веќе изложен во салонот на Renault со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење.
Повеќе детали за моделот може да најдете на следниот линк: https://www.renault.mk/cars/austral-hhn-ph1-en/pocetna.html
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

