Економија
„Мастеркард“ го брише името од своето лого

Компанијата „Мастеркард“ објави дека по повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, со што како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг.
Со ова, „Мастеркард“ се приклучува на повеќе брендови, како што се „Најк“ и „Епл“, чии маркетинг-кампањи повеќе се базираат на визуелното лого, а не на пишаниот назив, објави агенцијата АП.
„Мастеркард“, како што се додава, во последниве години се обидува да се позиционира како технолошка компанија во индустријата на глобални плаќања.
Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на „Мастеркард“, дури и кога тоа не го содржи името на компанијата, а еден од директорите на меркетиншката компанија „Метафорс“, Ален Адамсон, нагласува дека сликата говори повеќе од зборови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бислимоски: Oд 1 јуни ќе бидат на располагање дополнителни 500 GWh, со кои ќе може да се тргува на слободниот пазар во Косово, одлична бизнис-можност

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазарот со електрична енергија. Ова беше повод Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да иницира состанок, на кој косовскиот регулатор пред македонските снабдувачи и трговци ги презентираше чекорите како полесно да пристапат на пазарот кај нив.
„Откако ги презедовме сите неопходни активности како регулатори и извршивме взаемно признавање на лиценците за снабдување и трговија, сега сакаме компаниите да ги мотивираме да ја искористат оваа можност. Поголем пазар, носи поголема конкуренција, а бенефитот е пониски цени за електрична енергија. Сега за помалку од еден месец, односно од 1 јуни ќе бидат на располагање дополнителни 500 GWh со кои ќе може да се тргува на слободниот пазар на Косово и ова е одлична бизнис можност за наште снабдувачи и трговци“, посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Претседателот на косовскиот регулатор – Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово (ЕРО) Имер Фејзулаху им посака добредојде на македонските снабдувачи истакнувајќи дека тие имаат повеќе искуство со оглед на тоа дека македонскиот пазар е одамна либерализиран.
„Ова е само меѓу чекор кон приклучување кон единствениот пазар кој го бара од нас Европската Унија. Во прилог на сите ни е да има намалени административни бариери, а зголемена конкуренција“, изјави Имер Фејзулаху од ЕРО – Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово (Energy Regulatory Office).
Со цел да се зголеми конкурентноста на пазарите во двете држави РКЕ и ЕРО во 2023 година потпишаа Меморандум за соработка со кој взаемно се признаваат лиценците за снабдување и тргување со електрична енергија.
Економија
Стратешко созревање – каде сме и каде одиме? Лидерството и човечките ресурси главни постулати за економски раст и развој

Вториот панел од Самитот „Македонија 2025“ во фокусот ги имаше историјата на организацијата, скромните почетоци и големите чекори кои ги прави со една цел – градење на посилна нација!
„Ним не им треба претставување. Тие се врвни бизнис-лидери, патриоти со длабока посветеност и искрена страст за придонес кон напредокот на нашата татковина“, гласеше заедничкиот содржател со кој модераторот Боријан Борозанов го најави учеството на Мајк Зафировски, Џон Битов Јуниор и Живко Мукаетов на вториот панел на Самитот „Македонија 2025“ насловен „Стратешко созревање – каде сме и каде одиме?“
Зафировски ги лоцираше почетоците на идејата за организацијата во 2002 година, кога поранешниот претседател Борис Трајковски, а подоцна и Бранко Црвенковски упатуваат апел до македонската дијаспора за поддршка на државата. Џон Битов Сениор во 2006 година ја иницира идејата за формирање на организација во која ќе членуваат професионалци кои ќе работат на промовирање на економскиот развој на Македонија, изјавувајќи: „Оние што даваат ќе добијат за возврат сѐ додека даваат од сè срце“. Според Џон Битов Јуниор, една од поважните придобивки од оваа организација е Самитот кој од 2012 година се одржува во Македонија, а кој годинава во фокусот има брилијантни бизнис-приказни. „Напорната работа и интегритетот е она што треба да ги движи Македонците. Македонија е мала, но тоа треба да го сметаме за предност во поглед на мобилизацијата и шансите за успех“, изјави Битов.
Мукаетов, пак, како локален член со најдолг стаж во „Македонија 2025“, потенцираше дека најважното нешто кое го задржало сите 14 години од неговиот мандат е визионерското единство на членовите, нивната љубов кон татковината и огромната желба да придонесат за нејзин раст и развој. „Џон Битов Сениор го запознав во Торонто во 2012 година за време на мојата презентација пред Бордот на организацијата. Сè уште ги помнам неговиот оптимизам, желбата, волјата и посветеноста за просперитет на нашата земја. Воодушевен сум од ентузијазмот на Мајк, Џон и останатите, а фактот дека ‘Македонија 2025’ придонесува за моделирање на идната генерација македонски лидери, го сметам за додадена вредност на организацијата. За мене ’Македонија 2025’ е движење силно водено од визија, акција и заедничка љубов кон татковината“, истакна Мукаетов.
Лидерството и едукацијата oд страна на учесниците во салата беа посочени како двата главни постулати за економски раст и развој.
Посочувајќи го „Алкалоид“ како национален шампион на бизнис и економски план, Борозанов го побара рецептот за успех на „Алкалоид“:
„Накратко, тоа се стратешката дисциплина, континуираните инвестиции во квалитет, производствени капацитети, врвна технологија и во кадар, пред сè; усогласување и придржување кон строгите меѓународни стандарди, без никаква импровизација. Направивме диверзификација на пласманите за да ја намалиме зависноста од домашниот пазар и да поттикнеме одржлив раст. Со изградба на капацитетите за полусинтетски цефалоспорини, за кои во моментов сме водечки производител во Европа, изборот на Британската регулаторна агенција како референтна и дигитална трансформација, заедно со вложувањата во таленти и истражување и развој, успеавме да се иновираме, да се позиционираме на регулирани пазари и да растеме во динамична индустрија“, гласеше одговорот на Мукаетов.
Овогодинешниот самит „Македонија 2025“ во Скопје собра над 700 учесници од бизнис-заедницата, политиката и академската јавност. Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ е член на оваа think & do tank организација од декември 2011 година.
ПР
Економија
„Ако веќе имате паметен телефон, зошто да не ја имате и вашата Влада таму?“ – Андоновски најави владина суперапликација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусијата „Дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината“, во рамки на Самитот 2025 кој е во организација на Македонија 2025.
Министерот во својот говор се осврна на владината суперапликација, која како што рече, треба да биде клучен проект кој ќе ги донесе услугите до граѓанитe.
„Едно од највозбудливите нешта што ги градиме е Super App – нашата национална мобилна апликација за дигитален идентитет и услуги. Сакаме да ја завршиме и лансираме до крајот на оваа година”, изјави министерот.
Тој во продолжение од својот говор објасни дека ваквата апликација е иснпирирана од украинската апликација ДИА, која целосно го променила начинот на комуникација помеѓу граѓаните и институциите во Украина.
„Нашата верзија ќе започне со она што им е најпотребно на луѓето – дигитална лична карта, возачка дозвола и пристап до клучни услуги. Идејата е едноставна: Ако веќе имате паметен телефон во рака, зошто да не ја имате и вашата Влада таму?” – додаде Андоновски.
„Не брзаме. Тестираме, подобруваме, ги слушаме корисниците и ја поставуваме правната основа правилно – бидејќи ако не функционира лесно и безбедно од првиот ден, луѓето нема да се вратат. Но, визијата е јасна: да им го вратиме времето, енергијата и довербата на луѓето. Но, исто така, да изградиме нешто ново тука – во Македонија“, заклучи министерот.