Економија
МЗШВ: Земјоделците од општина Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување
Општината Ранковце ќе добие современ систем за наводнување како една од локациите за спроведување на проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, беше кажано на денешната посета на регионот од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, со претстaвниците од Делегацијата на Европската Унија.
Во оваа општина станува збор за системот за наводнување на Славишко Поле, кој е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини во оваа општина. Според првичните анализи, изградбата на овој систем за наводнување ќе чини околу 1,6 милион евра, а средствата се веќе обезбедени од програмата ИПА 2015.

Тековниот систем за наводнување во Славишко Поле се состои од привремен зафат на Крива Река, со кој се наводнуваат до 40 хектри. Новиот систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари и ќе донесе придобивки за повеќе од 250 домаќинства што се занимаваат со земјоделство во Ранковце, Гиновце и во Псача.
„Со изградбата на новиот систем за наводнување, многу обработливо земјиште, кое во моментот е без вода, конечно, би било употребливо. Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот повеќе од 3 пати, што ќе влијае на животниот стандард во општината, имено, од моментните 40 денари за хектар, би биле до 200 денари за хектар. Од друга страна, земјоделците ќе може да извршат замена на постојните култури во некои попрофитабилни култури со поголема додадена вредност. Системот за наводнување ќе овозможи одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето тука имаат традицијата на начин што ќе се почувствува за целото општество“, порача министерот Николовски.
Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, посочи дека таа го поддржува руралниот развој во РМ и во таа насока е моментната голема соработка со целата земја и со МЗШВ.
„На овој регион гледаме како некој на кој му е потребна поддршка. Иако ова е едноставен проект, сепак е од многу голема важност за развој на земјоделството. Финансиската поддршка преку овој проект е многу важна, но исто многу поважно е вие да го искористите тоа, мора да соработувате, да работите, да го одржувате и да управувате со овој систем за наводнување“, изјави Бертолини.
Проектот „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ во износ од 1,7 милион евра е финансиран од инструментот за претпристапната помош – ИПА на Европската Унија и предвидува изработка на проектна документација за 8 мали системи за наводнување.
„Наводнувањето е еден од клучните услови за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Овој проект е само дел од нашите политики за создавање современи системи за наводнување и зголемување на површините што се наводнуваат. Како Влада сме фокусирани на реализација на низа проекти за изградна на нови и реконструкција на постојните системи за наводнување“, порача министерот Николовски.
На средбата присуствуваа и земјоделци од општина Ранковце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

