Економија
МЗШВ: Овоштарите ќе добијат субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи
Владата на денешната седница донесе одлука за воведување нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.
„Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во Преспанскиот Регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Имено, поради направените штети од временските непогоди (град) во Преспанскиот Регион каде што има засадено поголеми површини со јаболко и има оштетување на голем дел од плодот, економската вредност на родот е намалена и истиот може да се употреби исклучиво за индустриска преработка.
Поради овие причини, проценките се дека поголема количина индустриско јаболко нема да може целосно да се преработи во преработувачките капацитети. Затоа, со цел да се овозможи откуп на целата количина, Владата одлучи да се воведе оваа нова субвенција од 3 денари за килограм за производителите на јаболко кои ќе го предадат родот кај регистриран откупувач“, соопшти Министерството.
Со новата субвенција, како што се наведува, не само што ќе им се овозможи на земјоделците да имаат рентабилно производство, туку ќе се создадат услови и за откуп на целата количина произведени јаболка.
Оваа нова мерка е резултат на повеќето средби кои министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со тимот од МЗШВ, ги одржа изминатиов период со производителите и откупувачите на јаболка, а сè со цел изнаоѓање соодветно решение.
„МЗШВ го стимулира развојот на овоштарството и преку мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Конкретно, оваа година за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката, за промена на асортимент се воведе нова поголема субвенција од 9 900 денари. За промена на производство од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 повисока субвенција по хектар. Дополнително, во годинешната Програма субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од 2 на 3 денари за килограм. Денешната нова субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја носи за овоштарството. Овие мерки се дополнително мотивирачки за развој на овоштарството, односно производството на јаболка“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

