Економија
МЗШВ: Со измените на Законот за вино се овозможува развој на малите семејни винарници
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со претставници од лозаро-винарскиот сектор на којшто се дискутираше за подготовка на Законот за изменување и дополнување на законот за вино. На состанокот присуствуваа претставници од сите засегнати страни од областа на производството на грозје и вино, односно винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, Националната федерација на фармери и здруженија на физички лица производители на грозје.
На состанокот се презентираа и разгледаа предлозите кои се тековно вметнати во предлог-текстот на Законот за изменување и дополнување на законот за виното, како и сите поединечни прашања кои дополнително треба да се договорат и вметнат во текстот на законот и правилниците што ќе произлезат од истиот.
Дел од позначајните измени на Законот се однесуваат на прашања со кои се предвидува воведувањето правила за производство и промет со органско вино и специјализирани напитоци на база на вино (ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел).
„Со изменетите законски решенија значително ќе се олеснат условите за производство на вино во мали винарии и за физички лица производители на вино, конкретно ќе се овозможи развој и отворање нови мали семејни винарници. Поточно, со измените се овозможува полесно регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино“, велат од МЗШВ.
Исто така, со измените делот за класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи најголеми промени со цел негово целосно усогласување со Регулативите на Европската Унија.
Воедно на состанокот присутните се договорија да се формираат работни групи за поединечни прашања кои ќе бидат обработени со предлог-законот, во кои ќе учествуваат претставници од сите засегнати страни, како и динамика за работа на секоја поединечна работна група. Предвидено е секоја поединечна работна група да биде изготвена до крајот на месец јануари 2019 година, по што ќе почне официјалната постапка за усвојување на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, која се очекува да биде финализирана во текот на март и април следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

