Економија
Милошевски: Во Македонија недостигаат инженери и медицински персонал
Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дебалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).
Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски, рече дека по консултација со секторските и регионалните комори, евидентирано е дека во сите сектори недостигаат квалификувани работници, особено во градежништвото, индустријата, туризмот, услужните дејности, како и во приватното здравство.
Според анализите, топ-5 најбарани позиции за работа се продажба, возачи, дистрибутери, курири, кадар во угостителство, комерцијалисти и работници во магацин. По индустрии, најбарани се лица за работа во индустрија за малопродажба, угостителство, ИТ, трговија и дистрибуција, како и производство.
„Евидентен е недостигот на лица со насочено средно стручно образование, но и на инженери и медицински персонал. Во таа насока неопходна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Потребна е интегрирана соработка на сите општествени фактори за правилно адресирање за потребите од квалификувана работна сила, сето тоа да допре и до учениците и до родителите. Веруваме дека тоа е единствениот начин за намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот“, истакна Милошевски.
„Потребна е консолидирана оценка за потребите на стопанството и човечките потенцијали во земјата со можност за преквалификации, а долгорочно стратешка промена на севкупниот обрзовниот систем. Реформите во образованието и наставните програми треба да ги следат потребите на стопанството и адекватно на тоа да се насочува и идниот кадар, кој треба да биде активен на пазарот на труд. Само на тој начин би имале систем што функционира. Исто така, по примерот на западните земји, како Германија, Австрија, едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средното стручно образование или учење преку работа со системска поддршка и субвенции за учениците, кои би се определиле за таков вид образование“, истакна Милошевски и додаде дека стопанствените во Сојузот се подготвени во чекор да ги следат сите реформи што би влијаеле на подобрување на кадарот во компаниите, а со тоа и продуктивноста на самата компанија.
Сојузот на стопанските комори на Македонија е вклучен во програмите и ги информира компаниите за можностите понудени од ЕУ, како програмата „Еразмус плус 2014-2020“, понатаму владините мерки од оперативниот план, но потенцираат дека неопходна е подинамачина работа на ова поле во насока на развој на компаниите и задржување на работоспособното население во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

