Економија
Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише Договорот за заем од Унгарската Експорт-импорт банка.
Станува збор за потпишување договор за најавениот заем од 500 милиони евра со поволни услови, 15 години рок на отплата, со вклучени три години грејс период и каматна стапка од 3,25%. Средствата од заемот ќе се користат за поддршка за проекти за локален регионален развој, што ќе се реализираат преку општините, како и за поддршка на економијата, односно заеми за компаниите, велат од Министерството.
Потпишувњето на договорот со унгарската Експорт-импорт банка е согласно усвоениот Закон за задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, а се реализира како дел од планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година.
Средствата од заемот треба да бидат префрлени во земјава до крајот на неделата, додаваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Интервју со Теодор Тодоровски: P2P инвестирање како иднина на финансиските пазари
Во светот на глобалното финтек инвестирање, платформите за P2P (peer-to-peer) стануваат сè попопуларни како начин за обичните луѓе да инвестираат директно, наместо преку традиционалните финансиски институции. Овие платформи овозможуваат директна поврзаност помеѓу примателите на средства и инвеститорите, нудејќи можност за поголема профитабилност и поголема транспарентност. P2P.mk е првата таква платформа во Македонија, иновација која создава нови можности за инвестирање во локален контекст и пошироко.
Што ве инспирираше да влезете со професионален ангажман во P2P.mk, напуштајќи го конфорниот свет на банкарството и како го гледате на пазарот денес?
Мојот пат до P2P.mk беше комбинација од љубопитност и длабока верба дека традиционалниот финансиски систем може да се подобри. Финансиските институции, иако важни, честопати ја запоставуваат динамиката и потребата за пофлексибилни и побрзи решенија. Со P2P.mk, се обидуваме да ја „демократизираме“ инвестицијата – да им дадеме можност на секого да стане инвеститор, без оглед на нивото на финансиски познавања.
Во последните неколку години, пазарот на P2P платформи доживеа огромен раст во светот, а ние со гордост можеме да кажеме дека бевме првите во Македонија кои ја донесоа оваа иновација. Денес, сè повеќе луѓе сфаќаат дека не мора да бидат пасивни набљудувачи на пазарот, туку можат активно да учествуваат и да ги зголемат своите парични средства.
Денес со 2 години постоење, бројките говорат за успешноста на платформата.
Во време на глобална инфлација, како платформата останува атрактивна за инвеститорите?
Инфлацијата е предизвик, особено во светот на финансии. Но, токму тука P2P инвестирањето се докажува како атрактивно решение. Ние нудиме продукти кои се ориентирани кон тоа да го задржат реалниот вредносен потенцијал на средствата. Кога инфлацијата го намалува вреднувањето на традиционалните инвестиции, инвеститорите во P2P кредити сè уште можат да заработат атрактивни приноси.
Нашите модели на работа дозволуваат активна контрола и диверзификација на инвестициите. Инвеститорите можат сами да изберат каде ќе го насочат својот капитал, а ние им нудиме сите алатки за информирано донесување одлуки. Освен тоа, работиме на технолошки иновации кои овозможуваат дополнителна заштита за нашите клиенти, како и постојано следење на економските текови.
Како го гледате развојот на платформата во иднина?
Нашата мисија отсекогаш била да го донесеме инвестирањето поблиску до луѓето. Во иднина, гледам огромни можности за раст на P2P.mk, не само во Македонија, туку и пошироко на регионално ниво. Нашата цел е да ја прошириме платформата со нови функции кои ќе ги задоволат потребите на новите генерации инвеститори. Размислуваме за интеграција на блокчејн технологии и вклучување на нови пазари кои досега биле недостапни.
Дополнително, размислуваме за едукативни програми преку кои би можеле да го едуцираме населението за финансиска писменост. Нашето искуство покажува дека најголемиот успех доаѓа кога луѓето знаат што прават и веруваат во своите одлуки.
Како вие лично управувате со портфолиото во P2P инвестирањето?
P2P инвестирањето нуди алатки за диверзификација и внимателно следење на кредитоспособноста на примателите на средства. Јас лично секогаш се водам од принципот на анализа и долгорочно планирање. Ние во P2P.mk користиме системи за мониторинг на пазарните услови и вршиме детални проценки на ризикот. Секоја инвестиција е осигурана со договор со кој се гарантира секој влог.
Дополнителна доверба и сигурност влева и податокот што сериозните платформи, како што е P2P.mk, давa посакувана заштита. Во случај, се јавуваат финансиски друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите предлагајќи „buyback guarantee”. Оваа гаранција ја прави македонската платформа особено сигурен и стабилен модел за инвестирање.
Вие сте познат како динамичен лидер и иноватор. Како го одржувате балансот помеѓу професионалниот живот и личните интереси?
Балансот е клучен за успех, без разлика дали е тоа во бизнисот или во животот. Се трудам да не дозволам работата да ја преземе секоја минута од мојот ден. Секојдневно барам време за себе – било да е тоа планинарење, читање или едноставно минување време со моите блиски. Сакам и партија баскет со ќерка ми. Сметам дека секоја добра идеја произлегува од време поминато надвор од канцеларијата. Тие моменти на одмор ми дозволуваат да ги согледам предизвиците од нова перспектива и да најдам креативни решенија.
Како гледате на иднината на финтек индустријата во Македонија и регионот?
Финтек индустријата во Македонија е сè уште во почетна фаза, но со огромен потенцијал за раст. Верувам дека младите луѓе и технолошките иновации ќе бидат движечката сила во следните години. Нашата цел со P2P.mk е да бидеме предводници во оваа трансформација и да го направиме финтек секторот во регионот атрактивен за инвестиции и иновации.
Каков совет би им дале на младите претприемачи кои сакаат да започнат нешто свое?
Мојот совет е едноставен – не се плашете да ризикувате, но секогаш бидете добро информирани. Понекогаш, најдобрите идеи доаѓаат од неуспесите. Секој бизнис е комбинација на страст и пресметка, но и на храброст да направите нешто поинакво. Никогаш не треба да се задоволувате со статус кво…постојано барајте иновации.
Што е тоа што, според вас, прави еден бизнис успешен на долг рок?
Успехот на долг рок зависи од повеќе фактори, но најважни се визијата и одржливоста. Секој бизнис треба да има јасна насока и способност да се адаптира на пазарните промени. Но, покрај тоа, сметам дека човечкиот фактор – тимот зад бизнисот – е клучен за успех. Долгорочните успеси се граделе со одржување на квалитетот и посветеност кон клиентите.
ПР
Економија
Донација на компанијата „Кожувчанка“ ДОО за Струмица и околните места
Кожувчанка ДОО е пример за општествено одговорна компанија –каде што здравјето и потребите на своите потрошувачи се секогаш на првото место.
По донесеното решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со кое што се забранува употребата на вода од градскиот водовод во
Струмица и околните места, поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, Кожувчанка ДОО направи донација од
околу 50.000 литри флаширана Изворска вода и околу 25.000 литри газирана Кожувчанка вода.
“Чиста и безбедна вода за пиење е основен и неопходен ресурс, кој што го заслужува секој еден, без разлика на неговата локација или социјален статус. Се надеваме дека овој проблем ќе биде навремено решен и жителите на Струмица и околината ќе имаат чиста вода за пиење и користење”– изјавија од Кожувчанка ДОО.
ПР
Економија
Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор помеѓу Македонија и Србија: ќе се испитува можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија склучи Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија, во просториите на Владата.
Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како Водечки проект за енергетиски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, преку диверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас.
Со меморандумот се предвидува испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас. Во рок од 9 месеци ќе се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите.
Врз основа на резултатите од техничките и пазарни истражување и земајќи ја во предвид постојната инфраструктура за пренос на гас кај двете страни, Страните ќе ги анализираат и ќе превземат соодветни одлуки за реализација на проектот и координирање на понатамошни дејствија.