Економија
Министерот Димковски во Прилеп се информираше за општинските проекти за рурален развој
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, престојуваше во посета на прилепскиот регион при што оствари средба со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Како што информираат од ресорното министерство, Димковски се интересирал за реализацијата на средствата од Програмата за рурален развој, каде Прилеп аплицирал со три проекти.
„Разговаравме да видиме како одат подготовките за реализација на овие средства, бидејќи парите се резервирани во буџетот и тие треба максимално да бидат искористени во текот на оваа година. Исто така разговаравме и за огласот кој е во тек на кој можат да аплицираат планските региони, а кој се однесува на тампонирање на патиштата кои водат до земјоделските површини“, изјавил министерот.
Градоначалникот Јованоски ја потенцирал одличната соработка меѓу општината и министерството за земјоделство, односно Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за што, како што рекол, сведочат трите одобрени проекти во висина од околу 60 милиони денари.
„Едниот проект е за урбанизација на 30 села во општина Прилеп, вториот за изградба на патот помеѓу селата Волково и Прилепец и третиот проект е за патот од Прилепец до манастирот Св.Никола. Исто така сакам да напоменам дека е во тек постапката за тендерот кој го одобри Министерството за земјоделство во висина од околу 30 милиони денари, од кои половината ќе бидат искористени за тампонирање на пристапните патишта до земјоделските површини во Пелагонискиот и Струмичкиот плански регион“, истакнал Јованоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

