Економија
Мицкоски: Владата презела обврски кон „Бехтел и Енка“ од стотици милиони евра, а се’ уште шајка не е закована
Ние зборувавме за некои бројки во текот на вчерашниот ден, но детално кога ќе го расчлените договорот до овој момент, кога ќе ги соберете обврските кои што произлегуваат од самиот договор, но и пеналите кои што треба да ги платиме поради тоа што се уште работната недела е 40 работни часа а не е 60. А, тоа е така бидејќи законот за работни односи е таков, а тој е таков затоа што Уставниот суд кажа дека е неуставно работната недела да биде 60 часа а не 40 часа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите во колкав обем се обврските на државата кон Бехтел и Енка, која треба да ги гради коридорите 8 и 10Д.
„И ако на тоа се додадат обврските кои што се произлезени од договорот за надзор на и супервизија, каде што имаме компанија која што произведува долен веш, а треба да да надзира ваков капитален проект, тогаш ќе дојдеме, верувале или не, до бројката од близу половина милијарда евра, што до овој момент, до денеска се преземени како обврски, а шајка не е закована“, исткна Мицкоски.
Инаку, додаде Мицкоски, по основ на обврски кои што се доспеани од самиот договор и пенали доспеани од самиот договор, доаѓаме до бројка од околу 230 до 250 милиони евра заклучно со 30 април, а веќе се исплатени повеќе од седум милијарди и 200 милиони денари, тоа е од прилика некаде околу 117 милиони евра, во средата а се уште шајка не е закована. Се уште никој ништо не видел, еве до овој момент тоа се случува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

