Контакт

Економија

Мицкоски – Клајн: На власта ѝ нудиме решение за справување со енергетската криза, но немаат слух

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, денеска заедно со потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување предвремени парламентарни избори.

Претседателот Мицкоски потенцира дека државата, покрај економската криза, се соочува и со енергетска криза укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на Владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза.

Мицкоски го информира амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза, кој ВМРО-ДПМНЕ ѝ го понуди на власта бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат двојно поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење.

Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ги води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој.

Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

Економија

Уште два работни дена да поднесете и да платите ДДВ за овој даночен период

Објавено пред

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 1 до 31 август.

dobivaj vesti na viber

Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток).

„Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции“, велат од УЈП.

Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ – 04 пријава. Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: е-Пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Прикажи повеќе...

Економија

Во Кавадарци за мерката за самовработување пристигнати 132 апликации

Објавено пред

Од

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

„Навистина сум задоволен од големиот интерес кои граѓаните и компаниите од Кавадарци го покажаа за мерките од Оперативниот план, каде само за мерката за Поддршка за самовработување (претприемништво) се пристигнати 132 апликации. Голем интерес покажаа и компаниите за поволностите кои се нудат во мерките од оперативниот план, каде за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ аплицирале 67 компании за поддршка за отворање на 72 нови работни места, додека за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ аплицирале 10 компании за 15 нови работни места. Големиот интерес е доказ дека во Кавадарци и Тиквешкиот регион има голем потенцијал за економски раст и развој и ние и понатаму ќе ги поддржуваме компаниите во овој процес“, кажа заменик-министерот Ристески.

На средбата присуствуваа и Даниела Димовска, в.д. директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување, кои на присутните им ги презентираа програмите за работа на нивните институции и мерките кои им стојат на располагање на граѓаните, занаетчиите и компаниите.

Градоначалникот Јанчев на средбата потенцираше дека како општина секогаш даваат поддршка на сите позитивни мерки кои придонесуваат за развој на домашната економија и го развиваат претприемачкиот дух кај младите лица.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на златото достигна рекордно високо ниво

Објавено пред

Од

Цената на златото се зголеми за 0,22 проценти утрово достигнувајќи рекордно високо ниво од 3.184 евра (3.755 долари) за унца во 9.30 часот наутро по средноевропско време.

dobivaj vesti na viber

Цената на златото се движеше помеѓу 2.150 евра (2.536,91 долари) и 3.184 евра (3.755 долари) за унца во текот на изминатите 12 месеци, што е зголемување од 42,8 процента. Пазарните очекувања за понатамошно намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД) силно влијаеја врз цените на стоките, особено на златото.

По инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп, ФЕД ги намали каматните стапки за 0,25-процентни поени минатата недела. Пазарите очекуваат уште едно намалување на стапките на следните состаноци на ФЕД во октомври и во декември.

Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференцијата објасни дека каматните стапки се намалени поради слабоста на пазарот на трудот, но исто така предупреди дека инфлацијата е сè уште висока и дека се очекува дополнително да се зголеми поради воведувањето царини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Утре и задутре пулмолози ќе проверуваат колку им се оштетени белите дробови на жителите на Трубарево и околината

Два тима од Клиниката за пулмологија и алергологија утре и задутре ќе ги посетат жителите на Трубарево и околните места...

Македонија2 часа

Условната казна за случајот со терапијата за рак е непочитување на жртвите, рече Андоновска

Пратеничката Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека условната казна изречена за злоупотребата на терапијата за пациенти со рак претставува...

Македонија3 часа

Субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на дрва, Мицкоски најави вонредна мерка за почист воздух

Во пресрет на новата грејна сезона Владата размислува за субвенции за филтри на оџаците за домаќинствата што се греат на...

Македонија3 часа

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката...

Топ4 часа

Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив, се качиле на столб за мобилна телефонија

Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во...

Македонија5 часа

Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив наместо вистинска правда, добивме минимизирање на трагедијата што нè скрши, вели семејството Ристовски

Семејството на починатата Теодора Ристовска преку писмено сооопштение извеси дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврди пресудата на Основниот суд...

Македонија5 часа

„Судството со скандалозната условна казна за докторката од Онкологија покажа дека му служи на друштвото на Заев, Филипче и на уште неколкумина од СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на...

Свет6 часа

Уште три европски земји ја признаа Палестина

Премиерите на Луксембург, Малта и на Монако официјално ја признаа државата Палестина вчера на Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова...

Свет7 часа

(Видео) Хонг Конг се подготвува за најлошиот тајфун оваа година: училиштата затворени, летовите откажани

Хонг Конг се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, затворајќи ги училиштата и откажувајќи околу...

Европа7 часа

(Видео) Драматичен говор на претседателката на Молдавија: Кремљ мисли дека сите сме на продажба

Проевропската молдавска претседателка Маја Санду ги предупреди граѓаните на нејзината земја во драматично обраќање дека Москва ги загрозува суверенитетот, независноста...

Европа7 часа

(Видео) Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот...

Свет8 часа

(Видео) Трамп ги поврзува „парацетамолот“, вакцините и аутизмот; Научниците: Митови и опасни лаги

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа промовираше недокажани, а во некои случаи и долго побиени тврдења за врска помеѓу лекот парацетамол,...

Европа8 часа

(Видео) Воздушниот простор над аеродромот во Осло беше затворен поради дронови: истото беше и во Копенхаген

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген, ноќеска го прекина целиот сообраќај откако беа забележани дронови во областа, потврди полицијата. По Копенхаген,...

Свет17 часа

Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава. Со...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок...

Топ19 часа

Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што...

Македонија20 часа

ДИК со податоци: Пет отфрлени листи за градоначалници

Според податоците добиени од Државната изборна комисија, за претстојните локални избори се потврдени вкупно 861 кандидатска листа – 303 за...

Македонија24 часа

Од ноќеска на полноќ поскапува дизелот

Од полноќ, горивата добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад...

Свет24 часа

Путин: Русија е подготвена воено да возврати на Западот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија е подготвена да одговори на сите закани, додавајќи дека Москва сè уште поддржува...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар на скопскиот аеродром?

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање...