Економија
МТСП: Директна помош за раст на платите до 18 000 денари во трудоинтензивните дејности
Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во Општина Свети Николе ја презентираше новата мерка за финансиска поддршка за раст на платите во трудоинтензивните фирми за што од буџетот се издвоени 360 милиони денари.
Пред претставниците од мали фирми од Свети Николе, Штип и Куманово, Царовска појасни дека со оваа мерка дополнително се поттикнува спиралата на севкупниот пораст на платите за работниците во Република Македонија. Министерката посочи дека целта на овие владини мерки е да се овозможи раст на платите, како предуслов за поквалитетен животен стандард, но истовремено да се задржи кондицијата на фирмите и да се подобри продуктивноста на работниците.
Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров, со присутните сподели дека покрај мерката што денеска се промовира, важно е да се знае дека и активните мерки за вработување преку АВРМ се подобрени во споредба со минатите години. Голема дополнителна форма на поддршка може да се добие и преку Фондот за иновации, кој финансира и до 70 проценти од проектите и притоа обезбедува бесплатна консултација за подготовка на проекти.
Во рамки на посетата на Свети Николе, министерката Царовска ја посети и фабриката ,,Мода’’ каде што со работниците разговараше за условите за работа.
Од МТСП велат дека преку новата мерка државата ќе обезбеди директна финансиска поддршка од 30 проценти од растот на бруто-плата на работници, за исплата на повисоки плати до 18.000 денари. Мерката е наменета за фирми кај кои трошоците за вработени сочинуваат повеќе од 50 проценти од вкупните трошоци и не прават високи профити, односно фирми кои имаат добивка како процент од вкупните расходи помала од 10 отсто. Според пресметките на МТСП, околу 15 000 компании и 50 000 работници ги исполнуваат условите за користење на оваа мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

