Економија
МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија
Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии.
Во објавата за напредокот во рамки на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците, од Светска банка посочуваат дека последнава година во Македонија во рекордно време е постигнат напредок и приближување на управувањето со јавниот долг во однос на добрите меѓународни практики, со значително подобри резултати во однос на другите земји.
„Обемот на реформи кои согласно Програмата се имплементираат, можеби е преамбициозен за другите земји, но не и за тимот од секторот за јавен долг во Министерството за финансии на Македонија. Обично државите реализираат една по една компонента од Програмата, поради ограничени човечки ресури, бидејќи треба да ги спроведат реформите покрај секојдневните работи. Но во Македонија е различно. Таму има разбирање во тимот, кој патем се состои само од 10 луѓе, дека се потребни реформи и напорно работат на сите компоненти“, вели Родриго Кабрал, тим лидер од Светска банка.
Tимот за јавен долг во Министерството за финансии работи на подобрување на стратегијата за јавен долг, на нов закон за јавен долг, на развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност и на ИТ системот за управување со долгот.
Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на расправата за завршна сметка за 2017 година во Собранието, иако наследил брзорастечки јавен долг, изминатата година Министерството за финансии успешно управувало со долгот. Како резултат на тоа во 2017 година, за првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален, велат од МФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

