Економија
Народната банка обучи 200 вработени да откриваат фалсификувани пари

Во текот на 2023 година експертите од Народната банка за брзо забележување на сомнителните примероци на пари во оптек обучија над 200 вработени од деловните банки и центрите за готовина, но и вработени во институциите во системот за справување со фалсификувањето пари.
Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои, вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо забележување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка.
Во текот на годините експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина. Зајакнувајќи ги капацитетите на институциите, како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка ги прошири обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.
Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиот период засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Мицкоски: Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците

Од последни во Европа по странски инвестиции, минатата година која што беше половина наша година, од наша влада, ја завршивме со рекордно ниво на директни странски инвестиции, од милијарда 255 милиони евра што ја прави државата прва во Европа, по странски инвестиции по глава на жител. Тоа значи прва во регионот, од последни- први за само шест месеци, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.
„Сетете се само на двоцифрените бројки на инфлација. 18-20-22-23 проценти инфлација. За да денес, во март објавиме ниво на инфлација од 2,7% едно од најниските во Европа. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците 9 – 10 проценти на годишно ниво. индустриското производство кое што беше длабоко во минус, денес во март изнесува 5.2 проценти и е најголемо индустриско производство, раст на индустриско производство, не само во регионот туку и во Европа. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се ако кажат оние од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи, денес има работа, пот , одговорност и посветеност. Тоа е оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ. Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се реновираат, кои се градат. И најавувам изградба на еден таков, нов студентски дом во Штип, по склопот на новата зграда на медицинскиот факултет, по склопот на новиот клинички центар, кој што е го почнеме како резултат на Договорот а стратешко партнерство со Велика Британија, 200 нови најмодерни најсовремени легла за нашите млади, за нашите студенти, за идните доктори. Од срамни и штетни, предавнички договори до договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена држава до држава која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори.“, кажа премиерот.
Економија
„Lucky Days“ во НЕПТУН – Попустите се толку големи што ќе купиш сè што ти треба!

Од 09.06.2025, „Lucky Days“ во НЕПТУН носат промени што ќе го трансформираат вашиот дом! Влегувате по еден производ, а излегувате со сшто ви треба – од ефикасен клима-уред до голем телевизор за домашно кино, сите по цени што ќе ве изненадат!
Летото е тука, а со него и идеалната можност да го освежите домот со уреди што ќе го направат секојдневниот живот поудобен. Попустите се дизајнирани со грижа за вашиот семеен буџет: од клима-уреди што ја победуваат жештината до фрижидери што штедат струја, секој избор е осмислен да ви го олесни животот на долг рок.
Твојата желба е јасна – да добиеш врвен производ по фер цена. Нашите флаери ги прикажуваат најдобрите понуди од врвни брендови. Замислете колку е лесно да изберете уред што ја штеди електричната енергија, а сепак нуди врвни перформанси или да го надоградите вашето работно катче со лаптоп или десктоп што ќе ве чини многу помалку отколку што мислевте.
За да ви ја олесниме вашата шопинг-патека, во последните неколку месеци ги реновиравме и унапредивме дел од нашите најпосетени продажни салони. Ве чека модерен, разубавен простор со пријателска атмосфера, создаден да ја направи вашата посета пријатна и инспиративна.
Нашиот стручен тим секогаш се на располагање да ви помогнат да го најдете токму она што ви треба – без да губите време или да се двоумите дали е вистинска инвестиција.
Твоја е желбата, наше е да ти го понудиме најдоброто! – Нептун
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија.
Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.