Економија
На охридскиот аеродром пристигна првиот авион на летот од Ајндховен
Со воден мост во форма на виножито, „ТАВ Македонија“ попладнево го пречека првиот лет од Ајндховен кој пристигна на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и донесе 180 патници со авион од типот „боинг 737-800“ на авиокомпанијата „ТУИ-флај“, во организација на холандскиот тур-оператор ТУИ.
Новите сезонски летови Ајндховен-Охрид-Ајндховен почнуваат од денеска, 11 мај, и ќе траат до 21 септември. На оваа релација ТУИ ќе лета секој понеделник и секој петок, со време на пристигнување на охридскиот аеродром во 13 часот и 30 минути и време на заминување за Ајндховен во 14 часот и 25 минути.
– Многу сме среќни што ТУИ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи и повеќе туристи на прекрасното Охридско Езеро. Се надеваме дека пакет-аранжманите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија туку и туристи од другите европски земји, кои ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат нејзини редовни посетители – изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
ТУИ веќе оперира на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а Ајндховен го воведува како втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Оваа нова авиолинија, која ќе функционира секој понеделник и секој петок, ќе ги поврзе Охрид и Ајндховен, кој е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница, поради што се очекува да привлече и туристи од Белгија. Сезонските летови од Ајндховен се очекува да донесат од 3 000 до 3 500 патници на охридскиот аеродром, додека севкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, се очекува дека ТУИ ќе донесе 15 000 туристи на Охридското Езеро оваа година.
Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ има 8 сезонски дестинации во текот на летната сезона, во периодот од април до октомври. Во моментов од охридскиот аеродром има 3 редовни авиолинии во текот на целата година – Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година „Визер“ ќе ја отвори новата рута Виена-Охрид-Виена, како редовна авиолинија, оперативна во текот на целата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

