Економија
Никоб Лаб: Прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба

Поликлиникта на НИКОБ групацијата е да негува коректен однос кон медиумите, запазувајќи ги етичките норми на известување, и коректно е да се пласираат информации кога ќе се добие релевантна информација од НИКОБ групацијата. Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид на постапки, вели Милан Стефаноски од НИКОБ ЛАБ во изјава за „Локално“ во врска со информацијата објавена во медиумите дека без отказен рок и најава и од причини познати само за раководството од страна на лабораторијата остави на улица над 30 од своите вработени.
Од таму посочуваат дека НИКОБ ЛАБ е синоним за квалитет, најдостапна услуга и цени, и со нашето започнувањето со работа во дејноста, драстично се спуштија цените за Ковид 19 тестирањата дури и за 50%.
„Не коментираме пласирани и тенденциозни невистини, но овој пат ќе направиме исклучок. НИКОБ Лаб е синоним за квалитет, најдостапна услуга и цени, и со нашето започнувањето со работа во дејноста, драстично се спуштија цените за Ковид 19 тестирањата дури и за 50%.Инвестираме во персонал, инфраструктура и апаратура која излезе во пресрет на здравствениот систем, но највеќе излеговме во пресрет на граѓаните и нивниот буџет, затоа и сме лидери во тестирањето.Следејќи ја актуелнта состојба на пандемијата, олеснувањето на мерките во државата и во соседството, применивме модел на оптимизирање и рационализирање на ресурсите во дел од вработените во административниот сектор кои имаа временски ангажман заради зголемениот обем на работа во борба против пандемијата и задолжителните тестирања за Ковид 19“, појаснува Стефаноски.
Од НИКОБ појаснуваат дека прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба и е според Законот за работни односи и дека сите беа соодветно информирани.
„Доколку некој смета дека му се нарушени работничките права, постојат соодветни институции за овој вид на постапки. НИКОБ ЛАБ продолжува непречено со сите услуги кои се во интерес на граѓаните со најдостапни цени, квалитет и брзина и со најраспостранетата мрежа во државата. А, НИКОБ групацијата по сите основи е најголем работодавец во државата со домашен капитал со околу 3000 вработени“, вели Стефаноски.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Економија
Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори на компанијата ЕНЕРГО СОЛАР СИСТЕМИ.
Станува збор за два батериски системи со вкупна инсталирана моќност од 2 600 kW, што се инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.
„Издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање на електрична енергија, всушност го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката. Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање на одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на “сториџи“, но исто така очекуваме интерес да појават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Истите можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето на енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува дека ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот.“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Условите, постапката и потребната документација за добивање на лиценца за складирање на електрична енергија се уредена во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, .
Економија
Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.
Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.
Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.
Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.
Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, велат од Министерството за финансии.