Економија
Николовски: Создаваме поволни услови за работа на младите земјоделци, тие се нашето национално богатство
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во следните два дена е во посета на Република Словенија, каде што ја претставува Македонија како земја партнер на еден од најголемите саеми за земјоделство и храна – АГРА 2018.
Оваа година фокусот на саемот се младите земјоделци и нивното вклучување во агробизнисот. Во рамките на саемот, денеска се одржа меѓународната министерска конференција на тема „Руралните подрачја и земјоделството како можност за младите луѓе“. На конференцијата во своето обраќање министерот Николовски ја потенцира важноста од вклучувањето на младите фармери во агробизнисот како идна сила во земјоделството.
Земјоделството бара сериозен труд и работа и затоа има негативна репутација, особено кај младите луѓе. Токму затоа Владата сериозно презема мерки во областа на земјоделството за да создаде можности за нови земјоделски бизниси и задржување на младите луѓе во руралните средини.
„На Република Македонија ѝ претстои сериозен период на развој, период во кој нашите политики се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. За да може младите да просперираат покрај поддршката што им ја доделуваме, на патот кон интеграцијата во Европската Унија постојат вистински предизвици кои сме цврсто детерминирани да ги совладаме. Почнувајќи од минатата година, ние ја зголемивме финансиската поддршка 4 пати во споредба со претходниот износ и моментно имаме 4 милиони евра годишно, со што неодамна поддржавме 424 млади фармери за да го иницираме нивниот бизнис. Младите луѓе се нашето национално богатство со непроценлива вредност, особено кога станува збор за одржлив развој на руралните средини, а ако ги изгубиме, невозможно е да се очекува нивно враќање. Оваа конференција е од голема важност за размена на искуства и дискусија за предизвиците и новите можности за младите фармери“, истакна министерот Николовски.
Притоа Николовски ги презентира некои од мерките што ги презеде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за создавање услови за работа на младите земјоделци и нивно поттикнување за отворање сопствен агробизнис.
„Македонија ги поддржува младите фармери со дополнителни 10 отсто од основната директна исплата во периодот од првите пет години на производство. Обезбедуваме поддршка за почнување нови земјоделски бизниси на млади земјоделци со 100 отсто финансирање на трошоците, како и нов инструмент на поддршка на интегрален инвестициски проект, кој ги вклучува сите неопходни инвестициски мерки за преминување на земјоделските стопанства во повисока развојна категорија со поголеми производни капацитети. Висината на поддршката е 90 отсто за преминување од мали стопанства во втора целна категорија и 70 отсто за преминување од втора во прва целна категорија“, изјави министерот Николовски.
На Меѓународната конференција учество зедоа и млади земјоделци од разни земји, кои презентираа свои успешни бизниси и искуства во земјоделството. Македонија имаше свој претставник, младиот земјоделец кој има успешен бизнис со пчели, односно производство на повеќе видови мед.
Во рамките на министерската конференција ќе се одржи и дискусија помеѓу министрите и младите земјоделци на две теми – какви мерки се потребни да се преземат за создавање поволни услови за работа на младите фармери и какви се искуствата за дигитализација на земјоделството.
Воедно, на министерската конференција министрите ќе усвојат заедничка декларација во која некои од политиките се дигитализација на земјоделството, мерки што ќе го направат земјоделството поатрактивно, создавање услови за работа на младите земјоделци, спречување на миграцијата на младите земјоделци и друго.
Во текот на утрешниот ден ќе биде официјалното отворање на 56-тото издание на Меѓународниот саем за храна и земјоделство – АГРА 2018, на кој првпат земја партнер е Република Македонија, а каде што на посебен штанд ќе бидат претставени традиционалните македонски вредности при производството на храна и вино, вредностите на културното богатство, но и можностите за инвестиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

