Економија
Николовски во Карбинци: ЕУ гарантира повисоки субвенции и пораст на странските инвестиции во земјоделството
Европската Унија гарантира повисоки и навремено исплатени субвенции за земјоделците, а токму тоа е еден од нашите приоритети, досега за 2017 се исплатени 99% од субвенциите што доволно говори дека се движиме по тој европски пат, која гарантира безбедност и стабилност за земјоделците, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешните средби со земјоделци од општината Карбинци.
„Само за еден јавен повик за европската ИПАРД 2 програма , досега се склучени 902 договори што е повеќе од вкупно сите 12 повици претходно. Вкупната одобрена сума е 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Ова ја покажува нашата заложба за максимална искористеност на европските фондовите, кои значително ќе се зголемат со влезот на нашата држава во НАТО и ЕУ“, изјави Николовски.
Николовски ги информираше земјоделците за измените на Законот за земјоделство и рурален развој се кој што се воведува мерката за поевтина зелена нафта. Воедно Николовски изјави дека во финална фаза се измените на Законот за земјоделско земјиште, но и дека во иднина концесиите за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп наместо до и над 3 хектари, ќе бидат до 5 и над 5 хектари, со цел да се постигне окрупнување на земјоделското земјиште што е еден од предусловите за конкурентно земјоделско производство.
Членството во НАТО и ЕУ е важно и за влез на ново инвестиции во земјава, вклучително и во земјоделството, посочи Николовски. Уште со добивањето на поканата за НАТО, 50 странски компании се интересираат за инвестирање во македонскиот агросектор. Николовски потенцираше дека во првото полугодие од годинава, после поканата за членство во НАТО и напредокот на преговорите со ЕУ, нивото на странски директни инвестиции во земјава изнесува 327 милиони евра, што е 3 пати поголем прилив од истиот период лани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

