Економија
Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки
Во период на светска криза, на затворени пазари, наша обврска е да создадеме услови за што поголемо домашно производство на стратешките земјоделски култури, затоа и донесовме сет мерки за поддршка на земјоделците, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешниот брифинг со медиумите.
Николовски посочи дека на последната владина седница се изгласаа измените на Програмата за интервентен фонд и Програмите за директни плаќања и за рурален развој, со кои се предвидени повеќе нови мерки за поддршка на производството на полјоделски култури и за сточарството. Овие измени се резултат на консултации со земјоделците, стопанските комори, Факултетот за земјоделски науки и храна и потсекторските групи во МЗШВ.
„Нова интервентна субвенција за набавка на вештачко ѓубриво којашто ќе изнесува 40% или 4.000 денари по хектар за пченицата и за пченката и нова интервентна субвенција од 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед. Поддршката е итна, интервентна, односно исплатата ќе биде на неделно ниво, преку Платежната агенција. Од понеделник до петок земјоделците ќе треба да поднесуваат барања за набавени ѓубрива, со фискални сметки со придружна документација и потоа во следната недела ќе се врши исплатата. Транспарентно ќе објавуваме колку земјоделци аплицирале, колку ја искористиле оваа мерка и во кој износ. Сакаме да ги мотивираме сите да ги искористат овие средства, оваа можност покрај останатите мерки, покрај зелената нафта покрај редовните субвенции. Дополнително сите кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Со тоа ќе го поттикнеме домашното производство на овие стратешки култури. Апелирам земјоделците да го искористат овој период и за пролетната сеидба на сончоглед заради тоа што обезбедивме 40% поддршка за ѓубриво за сончоглед, околу 100 евра за сите што ќе имаат принос од 1,5 тони сончоглед“, изјави министерот.
Притоа, Николовски посочи дека во подготвениот „Национален план за производство на храна“ којшто ќе се достави до Владата и ќе се дополнува со нови мерки, се опфатени и останатите сектори, како што се новите мерки во делот на предадено јагне, предадени гоеници, интервентна субвенција за живинарите од 60 денари по несилка, објавување на наменски јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за полјоделски култури со кој ќе се доделуваат вкупно 6.000 хектари во различни региони и други мерки.
Министерот потенцираше дека се става акцент не само на производството на стратешките суровини за основните производи брашно, леб, масло за јадење, туку и за останатите производи како што се млекото и јајцата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

