Економија
Николовски: Рекордни 253 милиони денари за набавка на високопедигриран добиток
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска додели 103 договори за набавка на високопедигрирани грла добиток преку Програмата за рурален развој.
Набавката на високопедигрирани грла добиток од увоз или од признати организации во согласност со Законот за сточарството е врз основа на јавен повик за мерката 121 од Програмата за рурален развој, распишан во јуни 2021 година. На јавниот повик аплицирале вкупно 104 баратели, од кои 103 поднесени барања се прифатени и потпишани се договори за набавка на високопедигрирани грла добиток. Вкупната сума за поддршка на сточарите преку оваа мерка изнесува 253 милиони денари.
„Особено ме радува што годинава имаме рекорден број потпишани договори, а тоа се должи на нашата постојана комуникација со вас земјоделците, заеднички да креираме мерки, според вашите предлози. Вие сте тие што најмногу ја знаете фактичката состојба на терен и знаете што е потребно за мерката да даде позитивни ефекети. Затоа на ваше барање во 2019 година ги променивме условите за апликација за оваа мерка. Со измената на условите овозможивме сточарите првинј да ги потпишат договорите за кофинансирање, што значи почетно да имате пари за набавка на добитокот, да не се задолжувате, за разлика од претходно кога првин требаше со сопствени средства да набавите добиток, па дури потоа преку кофинансирање да ги добиете парите. И резултатот веќе го имаме. За 2020 имавме исплата за 68 корисници, а сега со последниот повик од 2021 ќе бидат исплатени 103 корисници за набвака на нови 3.842 грла педигриран добиток. За оваа мерка пред да ги измениме критериумите склучени се 20 договори во износ од приближно 3 милиони денари. Денеска, 103 договори во вредност од 253 милиони денари. Односно, денеска просекот на овие договори е речиси 3 милиоини денари од корисник, што значи дека вкупно колку што претходно добиле сите, денес може да добие еден корисник“, рече министерот Николовски.
Преку оваа мерка сточарите добиваат можност за набавка на вкупно 3.842 грла високопедигриран добиток, од кои 2.727 јуници (1.844 од растата холштејн, 468 симентал, 206 ангус, 177 лимузин и 32 херефорд), 1.056 овци (607 од расата лакон, 260 ил де франс и 189 асаф) и 50 кози од расата аанска, кои доаѓаат главно од увоз од Централна и Западна Европа, со што би се видоизменил генетскиот потенцијал што го има сточарството.
„Со увозот на високостелен добиток ќе се зголеми и квалитетот на македонското месо и млеко. Со новинаната од Пограмата за 2022 година се надевам дека што поголем процент од предаденото и произведеното македонско млеко ќе биде со висок квалитет, што особено ќе се вреднува со дополнителна субвенција“, рече Бачовски.
Министерот Николовски посочи дека оваа мерка е дополнителен поттик за развојот на сточарството, на млечната индустрија, бидејќи значи подобрување на генетскиот потенцијал, што во најголема мера ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.
Економија
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка
Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.
Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето, велат од Народната банка.
Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.
Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците, се додава во соопштението на Народната банка.

