Економија
Николовски: Со окрупнување на земјоделското земјиште до поконкурентно производство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја отвори десеттата по ред интернационална работилница ЛЕНДНЕТ, која оваа година се фокусира на најдобрите легислативни практики за консолидацијата на земјоделското земјиште.
„Со експертиза на ФАО, Министерството во континуитет ја подобрува законската рамка за консолидација на земјиште во Македонија. Измените на Законот за консолидација на земјоделското земјиште, кои се усвоија од страна на Собранието минатиот месец, се важен чекор кон ефикасно и транспарентно спроведување на активностите. Во моментот на терен се спроведува консолидација на земјоделското земјиште на 12-те избрани подрачја во земјата. Наша крајна цел е да ја зголемиме конкурентноста на земјоделското производство, да ги подобриме условите за живеење во руралните средини и да обезбедиме одржливо користење на природните ресурси“, изјави Николовски.

На работилницата присуствуваа повеќе од 140 експерти за управување со земјиште од над 30 земји и организации од Европа и централна Азија, кои дискутираа за препораките од регионалната студија на ФАО за легилатива за консолидација на земјиште. Целта на студијата е да им се помогне на земјите што се дел од програмата на ФАО во развивање националните правни рамки за консолидација на земјиште засновани на најдобри меѓународни практики.
„ФАО работи со државите да ги подготви при воведување на консолидацијата на земјиште и при развивање целосно функционални национални програми за консолидација на земјиште. Во Македонија, преку тековниот проект финансиран од Европската Унија, МАИНЛАНД, ФАО работи да им помогне на земјоделците, сопственици на земјиште, и руралните заедници да го решат проблемот со прекумерната расцепканост на земјиштето, малата површина на земјоделските стопанства и недоволно развиената земјоделска инфраструктура“, изјави експертот на ФАО за управување со земјиште, Мортен Хартвигсен.

Со цел создавање поволни услови за земјоделско производство во полза на семејните земјоделски стопанства – и подобрување на конкурентноста и продуктивноста на земјоделското производство и условите за живеење во руралните средини во тој процес – ФАО и Министерството за земјоделство континуирано соработуваат за подобрување на законската рамка за консолидација на земјиште во Македонија.
Работилницата е во организација на ФАО и работната група за земјишна администрација при Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ) и е дел од поширока соработка во областа на консолидацијата на земјиште со други партнери, вклучително холандскиот катастар и Техничкиот универзитет во Минхен, а поддржана и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и ГИЗ.
ЛЕНДНЕТ е растечка мрежа на експерти за управување со земјиште од Европа и централна Азија. По иницијатива на ФАО тие редовно се состануваат од 2002 година со цел размена на искуства и идеи за консолидација на земјиште, банки на земјиште и развој на пазарот на земјиште.
На денешната интернационална работилница имаше учесници од Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грузија, Германија, Данска, Естонија, Косово, Киргистан, Латвија, Литванија, Малта, Молдавија, Украина, Узбекистан, Унгарија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Финска, Франција, Холандија, Црна Гора, Чешка, Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

