Економија
Николовски: Четири мерки за поддршка на пченицата и другите полјоделски култури
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека во постапка се измени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, односно во мерката за директни плаќања за површини со полјоделски култури, вклучително и за пченицата.
Со првата измена се зголемува минимумот пријавени површини за добивање целосна сума од програмираната субвенција за полјоделски култури, вклучително и пченицата. Односно, ако досега 100 отсто од субвенцијата добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега за оваа категорија на земјоделци ќе се исплаќа 100 отсто од субвенцијата за пријавени површини до 20 хектари.
Второ, висината на субвенциите за пријавените површини од над 100 хектари, наместо 10 отсто од субвенцијата, ќе изнесува 20%. Овие измени важат за сите полјоделски култури и ќе придонесат за зголемување на конкурентноста и одржливоста на домашното производство на пченица и други полјоделски култури.
Трето, оваа година се воведува нова мерка со цел да се заштити домашното производство на пченица и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица. Поточно, секој откупувач на пченица запишан во регистарот на откупувачи што ќе откупи домашна пченица од реколтата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември 2018 година, ќе добие субвенција од 1 денари за килограм откупена пченица. Оваа мерка исто така ќе го поттикне договорното производство и ќе ја подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија. Земајќи предвид дека годишниот просечен откуп на пченица изнесува околу 70 000 тони, се очекува поддршката за оваа мерка да изнесува околу 70 милиони денари.
Овие мерки ќе бидат донесени на една од следните седници на Владата на Република Македонија.
Четврто, во тек е јавниот оглас за набавка на 13 000 тони домашна пченица за потребите на стоковите резерви, кој трае до 15 август. На јавниот оглас за првпат се дозволени и помали лотови, со цел и земјоделците да можат да директно да продадат пченица на Стокови резерви. Има 10 лота од по 100 тони и 3 лота по 4 000 тони пченица. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.
Вкупно со овие четири мерки во овој земјоделски сектор ќе влезат околу 4 милиони евра.
Инаку, просечната производна цена на годинешната пченица, изготвена врз основа на анализите што ги направи МЗШВ и трошоците што ги имаат земјоделците за килограм произведена пченица, изнесува 9,14 денари за килограм. Податоците се подготвени од ФАДН системот во кој се опфатени 300 земјоделски стопанства, а годинава се очекуваат просечни приноси од околу 3 500 килограми пченица од хектар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

