Економија
НЛБ банка во соработка со „Генерали инвестментс“ воведува нов производ – продажба на удели од инвестициски фондови
НЛБ Банка Скопје, во соработка со друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, го проширува своето портфолио на небанкарски финансиски производи и услуги и започнува со продажба на удели од инвестициски фондови со кои управува друштвото. Со воведувањето на новиот производ, НЛБ Банка го надополнува концептот на „one stop shop“, односно финанансиски супермаркет кој нуди сеопфатно финансиско советување и богата понуда на финансиски производи и услуги на своите клиенти.
Соработката помеѓу двете компании беше одбележана со донација за младиот математички гениј Дамјан Давков од Штип, кому неодамна Советот на Општина Штип му го додели највисокото општинско одличје, наградата 8-ми Ноември. Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир, Претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар и Главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје, Лазе Камчев, на Дамјан симболично му врачија вредносен ваучер од 3.000 евра, средства кои ќе се вложат во удели во Генерали Топ Брендови, со цел остварување дополнителен принос, кој во иднина тој ќе може да го искористи за свое школување и доусовршување.
![]()
„НЛБ Банка во континуитет воведува нови и иновативни производи, истовремено овозможувајќи софистициран и напреден консалтинг и оптимално управување со средствата на клиентите преку производи кои соодветствуваат со нивните моментални потреби и обезбедуваат идна финансиска стабилност. Тргувањето со удели од инвестициски фондови е една од најбрзо растечките финансиски активности во нашата земја, а дополнително, по стабилизирање на состојбата со пандемијата и последователно на домашната и светската економија, се очекува уште поголем и позабрзан раст на оваа индустрија во иднина. Со овој производ НЛБ Банка Скопје ја заокружува понудата на небанкарски финансиски производи и со тоа се изедначува со понудата на западноевропските банки, нудејќи широки можности за клиентите, сеопфатно финансиско советување и пристап до низа инструменти кои можат да одговорат и на покомплексните потреби на клиентите и остварување на нивните очекувани финансиски цели“ – истакна Антонио Аргир, Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, кој во оваа прилика упати честитки до Дамјан и неговото семејство и изрази уверување дека уделите од инвестицискиот фонд ќе му донесат на Дамјан принос кој ќе му овозможи достојна едукација во иднина.
Претседателот на УО на Generali Investments, Лука Подлогар ја поздрави соработката помеѓу двете компании и во оваа прилика изјави: „Ја негуваме соработката со НЛБ Банка Скопје и ја препознаваме Банката како важен деловен партнер. Силно веруваме во синергија и јас сум уверен дека ова е само почеток за понатамошен заеднички локален и меѓународен раст и проширување на производите што ги нудиме. Ќе се осмелам да кажам дека сме најдобри во она што го работиме“.
![]()
“Најнапред би сакал да се заблагодарам на НЛБ Банка Скопје за соработката, визионерскиот поглед на менаџментот за иднината на финансиските производи и сеопфатниот пристап кон потребите на клиентите. Заедно со НЛБ Банка Скопје градиме силно партнерство и уверени сме дека оваа соработка ќе обезбеди посебен пристап и понуда од која корист ќе имаат постојните и идните клиенти. Уверен сум дека нашите производи, отсега достапни во сите експозитури на НЛБ Банка Скопје, се додадена вредност на понудата на Банката, бидејќи инвестициските фондови стануваат сè поважен штеден и инвестициски производ“ – истакна Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.
Дел од производите кои се предмет на оваа соработка се: продажба на удели во акциски фондови со еднократна уплата, продажба на удели во акциски фондови со програмирана уплата, продажба на удели во парични фондови – наменето за правни лица, како и продажба на удели во инвестициски депозит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

