Економија
Новак Ѓоковиќ протагонист во рекламна кампања за новиот 508 Peugeot Sport Engineered
Бидејќи во целост ги поддржува вредностите на PEUGEOT, тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ – светски рекет број еден на АТП ранг-листата, победник на Отвореното првенство во Франција во 2016 година и амбасадор на Брендот – е главниот протагонист на новата рекламна кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED, која почна на 30 мај, денот на отворањето на Отвореното првенство во Франција.
Со погон на сите четири тркала, бензин/батерија на полнење за хибриден погон и 360 КС, 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED комбинира високи перформанси и ниски емисии на штетни гасови (46g CO2 на километар, WLTP), карактеристики кои посебно му се допаѓаат на Новак Ѓоковиќ, кој е особено внимателен и инвловиран во заштитата на околината.
Извонредност, привлечност, емоција се основните вредности на PEUGEOT, кои ги споделува шампионот Новак Ѓоковиќ.
Амбасадорот на PEUGEOT исто така го држеше првото место на АТП ранг-листата 322 недели – историски рекорд, серија што сè уште трае.
Со својата историја, својата амбициозна стратегија за електрификација и „Моќта на изборот“ што им дава на клиентите можност да изберат различни типови мотори, брендот PEUGEOT продолжува со својата силна посветеност на енергетската транзиција. 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED го потврдува ова со воведување на концептот на Нео-перформанси, поодговорни и поисполнителни перформанси.
„Кај PEUGEOT, Нео-перформанси значи одговорни спортски автомобили, совршен спој помеѓу спортска и електрифицирана технологија, за ниска емисија на CO2.
Како водечки светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е идеален амбасадор за нашиот нов 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED. Ова се рефлектира во нашата нова рекламна кампања, чии клучни зборови се високи перформанси и еколошка одговорност“, вели Линда Џексон, извршен директор на брендот PEUGEOT.
„Јас сум многу горд што го претставувам брендот PEUGEOT на мојот дрес и задоволен сум што имав чест да бидам еден од првите што возеа 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED. Како спортист и како одговорен граѓанин кој е особено внимателен околу заштитата на околината, јас со задоволство и верба ја поддржувам стратегијата за електрификација на PEUGEOT. Исто така, особено го ценам фактот дека PEUGEOT обезбедува мобилност за играчите на Ролан Гарос со целосно електрифицирана флота возила“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Темата на рекламната кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED е тишината во комбинација со перформансите. Тоа покажува дека, благодарение на електричната технологија, најмоќниот сериски автомобил некогаш произведен од PEUGEOT, може да испорача еколошки перформанси, и од аспект на бучава и емисија на штетни гасови. Тука може да се направи паралела со Новак Ѓоковиќ, кој е познат по тоа што бара молк пред да се впушти во рели на теренот.
*Снимена во Белград на 26 април, кампањата што ги обединува Новак Ѓоковиќ и 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED почна на 30 мај, на отворањето на турнирот Ролан Гарос.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

