Економија
Новата „сеат арона“ добитник на престижната награда Red Dot Award: Product Design 2018
„Сеат арона“ на престижниот натпревар за дизајн Red Dot Award е наградена со признанието за најдобар дизајн на производ во 2018 година. Оваа награда го нагласува свежиот, динамичен и робустен дизајн што го нуди „сеат арона“. Нејзиниот надворешен и внатрешен дизајн, како и опциите за персонализација беа клучните фактори во изборот за „сеат арона“ да ја освои наградата Best Design Product 2018.
Од 1954 година Red Dot Аward е еден од најпрестижните натпревари за дизајн во светот кој дава меѓународно признание за квалитет и иновативност. Згора на тоа, категоријата Product Design важи за една од најважните награди на натпреварот. Жирито на The Red Dot Award: Product Design е составено од 40 експерти од целиот свет, кои не смеат да бидат дел од кое било индустриско производство, ниту, пак, смеат да учествуваат во гласањето за оние производи во кои тие биле вклучени и работеле на тие проекти.
Новата „сеат арона“ особено отскокнува благодарение на нејзините компактни мерки, динамичното однесување кое е идеално за пргавите градски улици, возењето по автопатиштата или некаде во природа далеку од градскиот метеж. Неговото неверојатно лесно и безбедно возење благодарение на применетата технологија и големата удобност го прават ова агилното градско возило во теренски стил идеално за сите услови. Сето ова се издвојува дури и на прв поглед благодарение на неговиот возбудлив дизајн.

„Ние сме многу задоволни што успеавме да ја добиеме една од најпрестижните дизајнерски награди во светот. Сакавме да понудиме кросовер за секојдневниот живот во урбаната џунгла. „Сеат арона“e токму тоа, рече директорот за дизајн на „Сеат“, Алехандро Месонеро-Романос, кој додава – „ ‘сеат арона’ е уште еден пример за свеж, млад, функционален, авантуристички и удобен дизајн”.
„Сеат арона“ е лесно препознатлива со вистинскиот Сеат дизајн благодарение на своите одлично изразени LED светла. Предната страна на „сеат арона“ ја следи истата структура на тродимензионален изглед како „атека“. На задната страна од автомобилот посебно е креиран простор за регистарска табличка кој овозможува кохезивен дизајн на браникот и визуелното го поткрева автомобилот. Кровот, како и кровните носачи доаѓаат со деталите кои ја наговестуваат естетиката на теренските возила. Многу од заедничките аспекти со новиот дизајнерски јазик беа неодамна прикажани на автомобилите на „Сеат“.
Успехот на „арона“ е веќе изразито забележан и за нешто повеќе од три месеци се испорачани повеќе од 25.000 единици од овој кросовер. До крајот на годината, „Сеат“ ќе лансира и „арона ТГ“, кој ќе биде прв SUV опремен со мотор на природен гас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

