Економија
Новиот ŠKODA KAMIQ ја доби наградата „Златен волан“
„Златен волан“ за ŠKODA KAMIQ: новиот SUV на чешкиот производител ја доби една од најважните награди во Европа. ŠKODA KAMIQ ја доби наградата „Најдобро возило под 25 000 евра“– една од 11 награди „Златен волан“ доделени од германското автомобилско списание Auto Bild и германскиот весник Bild am Sonntag. Според уредниците на списанието, KAMIQ го нуди најдобриот вкупен пакет меѓу сите нови изданија во својата категорија. Кристијан Струбе, член на Одбор за технички развој на ŠKODA, во вторникот вечерта го прими „Златниот волан“ на гала настан во издавачката куќа Аксел Спрингер во Берлин.

„Задоволство ми е што го прифатив ‘Златниот волан’ за ŠKODA KAMIQ во име на целиот тим на ŠKODA. KAMIQ ги комбинира најдобрите ŠKODA квалитети како што е извонреден простор и одличен сооднос цена-перформанси со експресивен, карактеристичен дизајн. Нашиот прв градски теренец го означува нашето влегување во еден интересен сегмент каде ги придобиваме атрактивните групи на клиенти“, објасни Кристијан Струбе, член на Одбор за технички развој на ŠKODA.

Педесет и осум модели кои беа лансирани во изминатите дванаесет месеци и групирани во единаесет категории, се соочија едни против друг на доделувањето наградите „Златен волан 2019 година“. Уредниците за тестирање на Auto Bild беа одговорни да ги изберат победникот во категоријата „Најдобар автомобил под 25.000 евра“. Тие зедоа предвид бројни карактеристики, како што се управување, основна цена, стандардна опрема, гаранции и политика за опции и ја избраа ŠKODA KAMIQ како најдобра во својата класа. Жирито пофали неколку аспекти конкретно, вклучително и пространа внатрешност со компактни димензии, висок квалитет и одличен сооднос цена-перформанси.
Трет член на семејството SUV на ŠKODA
ŠKODA KAMIQ ја надополнува успешната SUV понуда на чешката марка на европскиот пазар од средината на 2019 година. Следејќи ги KODIAQ и KAROQ, ŠKODA сега влезе во брзорастечкиот сегмент на градските SUV возила. KAMIQ ги комбинира придобивките на SUV, како што е поголема висина и повисока положба на седење со агилност на компактно возило и емотивен дизајн типичен за ŠKODA. Со најнапредни системи за помош при возењето, нов инфозабавен систем, огромна количина простор и бројни функции Simply Clever, ŠKODA KAMIQ ги исполнува барањата на семејствата и клиентите ориентирани кон животниот стил.

KAMIQ ја добива шестата награда на Златниот волан на ŠKODA
Bild am Sonntag го доделува „Златниот волан“ од 1976 година и во партнерство со Auto Bild – најголем автомобилски магазин во Европа – од 2009 година. KAMIQ го освои шестиот Златен волан за ŠKODA, а ова е втор триумф во ред. Победите на ŠKODA започнаа во 1999 година со првата генерација FABIA; во 2007 година, неговиот наследник го повтори овој успех. Втората генерација на OCTAVIA победи во 2004 година; втората генерација на SUPERB лансирана во 2008 година исто така освои Златен волан и KAROQ ја доби наградата во 2017 година.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

