Економија
Објавен повик за ангажман со Зелениот климатски фонд преку акредитација
Владата претставена од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања како национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд (ЗКФ) објави јавен повик до сите јавни институции, приватни компании и граѓански организации во земјата заинтересирани да бидат акредитирани за директен пристап до и спроведување проекти финансирани од Зелениот климатски фонд со цел реализирање на националните приоритети за климатска акција.
Повикот е објавен во рамките на вториот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) под раководство на ННО, конкретно проектната компонента фокусирана на олеснување директен пристап до климатски финансии.
Целта е да се поддржи земјата за пристап до финансиски средства од ЗКФ преку национални субјекти т.н. субјекти за директен пристап, што значи дека климатските финансии може да се насочуваат директно во земјата без посредство на меѓународни партнери. Ова ќе ѝ овозможи на земјата сопственост врз климатското финансирање и подобро да го интегрира во националните акциски планови за клима. Субјектите со директен пристап може да бидат субјекти на национално, регионално и на локално ниво (министерства, владини агенции, климатски фондови, комерцијални банки, приватни компании, граѓански организации и други правни лица) проценети според нивните капацитети како подобни за развој, спроведување и/или следење проекти/програми од Зелениот климатски фонд, во согласност со приоритетите на земјата за ангажман со Фондот.
Деталљни информации за отворениот повик, условите за пријавување и целокупниот процес на приоритизирање и избор на потенцијални субјекти за директен пристап до ЗКФ во Република Северна Македонија се достапни на веб-страницата на Северна Македонија и Зелениот климатски фонд: www.greendevelopment.mk/mk/OpenCall.aspx
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

