Економија
Овој четврток одиме на руфтоп новогодишен базар во Скопје сити мол

Декември пристигна, месец во кој сè што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците! Декември пристигна, месец во кој сè што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците!
(Декември е синоним за празници, месец во кој сè што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме.)
По ланскиот успех на најубавиот новогодишен базар, оваа година се очекува уште поубава приказна на нова локација. На катната гаража од трговскиот центар поставуваме новогодишен базар!
Лизгалиште за сите генерации, џиновска новогодишен лампион за фотографирање, голема новогодишна елка, бина за супер настани, како и магично празнично село.
Времетраењето на овој руфтоп новогодишен базар е цели 38 дена, од08.12.22-15.1.2023.
Низ светот празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и супер настани, а оваа година во Скопје се случува најубавата празнична атмосфера. Со почеток в четврток, на 8 декември, ќе блесне големата елка на покривот на Скопје сити мол, што ќе го означи почетокот на новиот празничен, новогодишен базар.
По овој повод овој четврток ве покануваме сите на официјално отворање на новогодишниот базар!
• 19:00 часот детски програм со Дедо Мраз
• 20:00 часот свечено палење на новогодишната елка за целосна празнична атмосфера.
• 20:10 часот настап на феноменалниот рок камерен оркестар од Битола, кои ќе создаде супер концертна атмосфера.
• Со ова, вистински ќе зачекориме во декември, месец на големиот новогодишен базар во Скопје сити мол, месецот на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греено вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања.
Следниот ден, в петок, продолжуваме со забава со Елена Петреска и бенд, ден сабота преку ден се дружиме со „Светот на Биби” додека на вечерната програма ги имаме Пеце Суперхикс и Breakdown band додека недела свој настап ќе имаат Band Off од 18:00 часот.
Работно време на базарот и лизгалиштето е:
Понеделник до петок: 17:00 – 22:00
Сабота 12:00 – 22:00
Недела 12:00 -20:00
Се гледаме на руфтоп новогодишен базар во Скопје сити мол
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу 2,5 милиона евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик-министер за екномија и труд.
За проектите за самовработување од пет, буџетот ќе се зголеми на 7,5 милиона евра. Ова зашто е огромен интересот на трите огласи на Агенцијата за вработување за најатрактивната мерка во обемниот оперативен план за вработување со кој се опфатени 40 проценти млади луѓе. На огласите има околу 6 000 пријави. Наместо 1.750, државата ќе поддржи 2.600 лица кои ќе почнат свој бизнис, најави Ристески. Министерството за економија и труд на наредната владина седница ќе побара уште пари.
-Според тоа, како Министерство, како предлог, заедно со АВРМ побаравме и очекуваме од Владата прелокација на финансиски средства на наредната владина седница. Очекуваме да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, мерката за самовработување. Со тоа бројката би се зголемила на 2 600 лица кои би отвориле сопствен бизнис, претежно млади луѓе до 29 години, но ќе ги опфати и сите активни баратели на работа и над 29 години. Да напоменам дека оваа мерка ќе биде поддржана и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот. Или, вкупно, овие мерки ќе бидат поддржани со зголемен буџет од над 7,5 милиона евра, изјави Ристески.
Што се однесува до потрошувачката кошничка и нејзиното пресметување, како точка ќе се најде на дневен ред на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од тоа ќе зависи какви мерки ќе преземе Владата. Ристески се надева дека ЕСС ќе биде свикан до крајот на наредната недела.
-Досега интензивно работеше комисијата за одредување на репрезентативност, формирана пред неколку месеци. Меѓуртоа, поради летните одмори, малку беше пролонгирано, но е завршено броењето од синдикатите кои треба да добијат реперзентативност во текот на овој период и се надевам дека до крајот на наредната недела, ќе биде официјално свикан Економско-социјалниот совет со дневен ред. Една од дискусиите ќе биде стапката на инфлација, заштита на животниот стандард и можноста дали и понатаму ќе се одредуваат нови мерки или не. Ние ја следиме ситуацијата и сето тоа ќе биде и сето што ќе биде донесено ќе биде во договор на сите страни кои учествуваат во Економско-социјалниот совет, односно со еден заеднички трипартитен договор, изјави Ристески.
Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.