Економија
Одборот на доверители на „Фени“: Мешањето на „Транспаренси“ во стечајната постапка предизвикува штета
„Стечајната постапка за ’Фени индустри’ АД во стечај се води на примерен начин, во целосна согласност со законот и применливите прописи. Без оглед на големината и комплексноста на друштвото кое е во стечај, секоја стечајна постапка има цели што се јасно дефинирани во Законот за стечајот. Ние како доверители немаме забележано какво било дејство или документ одобрен или подготвен од стечајниот управител или од стечајниот судија кој може да предизвика каков било сомнеж во усогласеноста со прописите и регуларноста на нивното работење. Ние ја потврдуваме заложбата на стечајните органи да работаат со исклучително внимание и грижа за да се зачува вредноста на стечајната маса и да се овозможи најдоброто можно намирување на доверителите“, се вели во соопштението на Одборот на доверители на „Фени индустри“ во врска со вчерашната прес-конференција на „Транспаренси интернешнл – Македонија“.
Според Одборот на доверители, сите релевантни активности во оваа стечајна постапка биле целосно транспарентни и достапни за секој што имал интерес во согласност со законот. Оттаму тврдат дека „Транспаренси интернешнл – Македонија досега не му се јавил на Одборот на доверители со барање за каква било информација, „со што на секоe добронамерно заинтересирано лице ќе му беа јасни неоспорните предности и транспарентноста на постапката во врска со договорот за процесирање никелова руда заради задржување на вредноста на ’Фени индустри“ АД во стечај и заштита на работните места на над 700 вработени“.
„Оваа стечајна постапка е еден од најсложените стечајни случаи во државата и секое неповикано вмешување од трети страни кои не учествуваат во процесот, како што е ’Транспаренси интернешнл – Македонија’, предизвикува штета за стечајната постапка, за доверителите, за работењето на друштвото во стечај и неговите вработени, како и на репутацијата на државата како добра дестинација за инвестиции“, се додава во соопштението.
И стечајниот управник Мирослав Анастасиевски против кого вчера „Транспаренси интернешнл – Македонија“ поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност тврди дека нема незаконски постапки во водењето на стечајната постапка за „Фени“. „Транспаренси“ почнала да го следи стечајот за „Фени“ кога добила претставки од засегнати страни и утврдила дека постапката е нетранспарентна и со низа незаконитости поради што вчера поднесе кривична пријава и против стечајната судијка Валентина Ѓоргиевска од велешкиот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

