Економија
Одиме на плажа заедно со DM – до 40% попуст на сите производи за сончање и очила за сонце од dm марката sundance!
Во период од 1 до 14 јули подготви се за летниот одмор со попуст до 40% на сите производи за сончање и очила за сонце од dm марката sundance, достапни во сите дрогерии на DM.
sundance – најпродаваниот бренд за сончева козметика во Германија секое лето ви овозможува безгрижно уживање и забава под сонцето.
Во понудата на sundance можете да пронајдете огромен број производи за сончање со заштитни фактори од 15 до 50 SPF, и тоа во вид на млеко за сончање, крем или спреј.
Повеќе информации за овие производи можете да погледнете ТУКА.
Правилна нега по сончањето е исклучително важна за здравјето на кожата и убавиот тен. After Sun линијата од sundance е развиена токму за ваквите потреби на кожата. Без разлика дали вие потребен лосион, млеко, спреј или гел After Sun производите ќе ја хидрираат кожата и ќе ја задржат бојата подолго време по сончањето.

Повеќе информации за овие производи можете да погледнете ТУКА.
За проблематична кожа и кожа склона кон алергии, побарајте ги производите од линиите Sensitive и Med Ultra Sensitive. Овие производи ја содржат ознаката daab што означува дека производите се развиени во соработка со истоименото германско здружение за алергии и астма (DAAB)

Повеќе информации за овие производи можете да погледнете ТУКА.
50 до 80% од вкупната количина на УВ-зрачење ја акумулираме до 18-тата година од животот. Затоа ги имаме sundance kids производите за заштита од сонце за деца, кои се достапни и како sensitive и Med Ultra Sensitive за деца со проблематична кожа и кожа склона кон алергии.

Повеќе информации за овие производи можете да погледнете ТУКА.

Нешто сосема НОВО во понудата на sundance е посебната линија на производи за сончање намената за мажи – sundance MEN
Повеќе информации за овие производи можете да погледнете ТУКА.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

