Економија
„Окта“: Одржување стабилен пазарен удел во пазарна средина полна со предизвици
„Окта“ АД Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година со приходи од продажба во износ од 5.208 милиони денари во споредба со 5.103 милиони денари од истиот период минатата година како резултат на повисоките интернационални цени на горивото. Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон соодветно зацврстување како на домашниот така и на странскиот пазарен удел. Приспособената ЕБИДТА изнесува 50 милиони денари во споредба со 93 милиони денари во првиот квартал од 2017 година главно поради пониските маржи што произлегоа од повисоките дисконти остварени како резултат на промените во структурата на плаќање. Загубата пред даночењето во првиот квартал од 2018 година изнесува 41 милион денари во споредба со добивката пред даночење од 22 милиона денари за истиот период минатата година поради веќе споменатите причини елаборирани претходно во текстот.

Ликвидноста на компанијата како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии што ги има на располагање.
Во текот на првиот квартал од 2018 година „Окта“ со задоволство ја најави својата 40-годишнина со започнување кампања посветена на јубилејот. Имајќи го предвид минатогодишниот успех на општествено одговорната кампања „Јас внимавам“, компанијата продолжува со активностите за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот. Вработените во „Окта“ уште еднаш се вклучија во екоакцијата за зазеленување на јавните површини, организирана од Општина Илинден. Компанијата останува да биде силен поддржувач на образованието и развојот на новите генерации преку програма за практиканти и преку доделување стипендии за постдипломски студии во Грција.
Дополнително, раководството на „Окта“ внимателно ги следи предизвиците, како и состојбите, и поактивно планирајќи, постојано има цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари, а во исто време продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите што ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

