Економија
„Окта“ – подобрени продажни резултати во третиот квартал на 2022 помогнати од туристичката сезона
Клучни резултати за првите девет месеци во 2022 година
Резултатите во првите девет месеци од 2022 се подобрија во споредба со минатогодишните, одразувајќи ја зголемената побарувачка за горива на домашниот и извозниот пазар, што го неутрализираше негативното влијание на енергетската криза врз оперативните трошоци.
Приходите од продажба изнесуваат 45.328 милиони денари, што претставува зголемување од 160%, во однос на истиот период минатата година, поттикнати од зголемената продажба на домашниот и извозниот пазар. Бруто маржата достигна 1.317 милиони денари, надминувајќи ги 850 милиони денари постигнати истиот период минатата година.
ЕБИТДА за првите девет месеци од 2022 изнесуваше 1.035 милиони денари, повисока за 67% во однос на истиот период минатата година, а добивката пред оданочување изнесуваше 848 милиони денари, што претставува зголемување од 80%, споредено со истиот период минатата година. Овие резултати се придобивка од повисоката продажба на домашниот и извозниот пазар, потпомогнати од добивките од вреднувањето на залихите поради растот на меѓународните цени на нафтата што позитивно влијаеше на резултатите за првите девет месеци од 2022 година за 512 милиони денари.
Зголемена побарувачка на домашниот и на извозниот пазар на горива во третото тримесечје од 2022 година
Во третиот квартал од 2022 година приходите од продажба достигнаа 17.612 милиони денари, што претставува зголемување за 132%, споредено со третиот квартал во 2021 година, предводени главно од дизелот, благодарение на тековното закрепнување на економскиот раст и значителниот транзитен туризам, што го поддржа закрепнувањето на побарувачката на домашниот и извозниот пазар.
Поради работата на електраните во екот на актуелната енергетска криза, продолжи зголемената побарувачка на мазут. Од друга страна, зголемените инфлациски притисоци и зголемените енергетски трошоци резултираа со зголемување на оперативните трошоци за 19%, споредено со истиот период минатата година.
И покрај предизвиците, ОКТА успешно ги надмина турбуленциите со кои се соочи во еволуирачкото пазарно опкружување, исполнувајќи ја својата стратегија. Оттука, ОКТА го затвори третиот квартал од 2022 година со ЕБИТДА која достигна 59 милиони денари, и е пониска од остварените 225 милиони денари во истиот период минатата година. На овој резултат најмногу влијае значајниот негативен ефект од вреднувањето на залихите од 172 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 84 милиони денари кој беше постигнат во третиот квартал на 2021 година. Со ова, прилагодената ЕБИТДА достигна 231 милиони денари, што е зголемување за 63% наспроти третиот квартал во 2021 година.
Менаџментот на ОКТА продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, бидејќи флуктуациите на цените на суровините може да влијаат на вреднувањето на залихите, што може да имплицира засилена неизвесност во однос на објавените метрики за следните квартали.
Општествена одговорност
Во рамките на нашата програма за општествена одговорност „Нова генерација“, ОКТА ги поддржува младите преку обезбедување можности за студентите кои имаат желба да се стекнат со знаење и работно искуство.
Така, ОКТА шеста година по ред потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, преку кој ќе бидат доделени стипендии за постдипломски студии за научни области релевантни за дејноста на компанијата на пет истакнати студенти. Како долгогодишен промотор на културното наследство на земјата, ОКТА го поддржа организирањето на познати музички и уметнички фестивали што се одржаа во изминатиот квартал.
Менаџментот на ОКТА ќе продолжи да ги смета како приоритети здравјето и безбедноста на своите вработени и клиенти, континуираното и непречено снабдување на земјата со висококвалитетни производи, внимателното следење на развојот на настаните на домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на сите можности кои ќе излезат во пресрет.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

