Економија
ОКТА прва компанија во државата со CoVid-Shield сертификат
ОКТА АД – Скопје ги заврши сите потребни процедури за добивање највисоко ниво CoVid-Shield сертификат за работните простории и инсталацијата во Миладиновци. Со тоа стана прва компанија во државата која е акредитирана со овој иновативен сертификат. Од почетокот на пандемијата, приоритет на OKTA беа безбедноста на нејзините вработени, соработници и потрошувачи, поради што беа преземени сите неопходни мерки и имплементирани сите препорачани здравствени протоколи.
CoVid-Shield е независна постапка за сертифицирање, развиена од TÜV AUSTRIA Hellas и претставува интегрирана шема за сертифицирање чија цел е да ја зголеми довербата на граѓаните и потрошувачите во компаниите кои ја примениле и добиле сертификат согласно оваа шема. Во оваа смисла и со силно чувство на одговорност, општествена свесност и бизнис-етика, ОКТА презеде итни активности од првиот ден на здравствената криза, со цел да создаде безбедна работна средина.
„Ние во ОКТА презедовме итни активности, применувајќи ги сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите вработени и клиенти. Ова е директно потврдено со добивањето на CoVid-Shield сертификатот. ОКТА останува на страна на своите вработени и потрошувачи, ставајќи ги на прво место безбедноста и одговорноста, при тоа гледајќи на иднината со внимателност и оптимизам“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.
Сертифицирањето со CoVid-Shield се спроведе на групациско ниво при што во процесот на контрола беа опфатени сите подружници во петте земји во кои работи групацијата „Хеленик петролеум“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

