Економија
Ослободени електрични перформанси: претставен новиот Porsche – Taycan Cross Turismo
Под отворено небо и акустична музика, претставена е комплетно новата едиција на Porsche – Taycan Cross Turismo.
Инспириран од визијата која беше отелотворена со претставувањето на првиот концепт уште во 2019 година, Porsche испрати клучен сигнал за електричната иднина на мобилноста.
Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија за апсолутна бескомпромисност. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека Cross Turismo може да се вози и на потежок терен. Стандардниот „Gravel Mode“ ја подобрува соодветноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.
Четири деривати на Taycan Cross Turismo се достапни веднаш по неговото лансирање. Моќноста изнесува 380 коњски сили во основната верзија Taycan 4 Cross Turismo, 490 коњски сили во Taycan 4S Cross Turismo, 625 коњски сили во Taycan Turbo Cross Turismo и 761 коњска сила во најмоќниот Taycan Turbo S Cross Turismo кој забрзува до 100 км/ч за само 2,9 секунди. Опремени со Performance Battery Plus, вкупниот капацитет на батеријата изнесува 93,4 kWh и секогаш доаѓа стандардно во сите верзии. Досегот на батериите изнесува од 416 до 456 км соодветно на верзијата на Taycan Cross Turismo.
Како дел од овогодинешниот и трет по ред „Skopje Unplugged“ 2021, новиот Porsche Taycan Cross Turismo гордо се претстави на сцената придружуван од акустичната музика на фестивалот на кој учествуваа повеќе изведувачи, како групата Ван Гог, Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе Бенд, Студени нозе и останатите.
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
- Porsche – Taycan Cross Turismo
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)






















