Економија
Отворен е повикот за стартап-бизниси на „Сеавус акцелераторот“
Денес и официјално е отворен повикот на „Сеавус акцелераторот“, проект помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, со кој се повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап-бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка. Повикот е отворен до 5 јуни оваа година.

По завршување на рокот за пријавување, ќе стартува првата фаза од акцелераторката програма, која е замислена како 6+6 неделна активност со менторски сесии за најдобрите 15 компании кои ќе ќе бидат селектирани и прифатени во програмата. Повикот се однесува на технолошко ориентирани компании (Fintech, AI, Machine learning, Block chain, IOT, Gaming, E-commerce, Digital Media и сл.) кои развиваат иновативни решенија во повеќе области, и тоа: финансии, медицина, јавни сервиси, подобрување на животната околина, инфраструктура, компјутерски мрежи, интернет-технологии, алатки за развивање софтвер, сајбер-безбедност и сл. Компаниите кои аплицираат треба да имаат најмалку двајца ко-основачи.

„Акцелераторската програма ќе заврши со т.н. Демо ден – ден за презентации на кој Комитетот за инвестиции ќе одлучи кому ќе додели средства во првата фаза. Иницијалната инвестиција изнесува до 32.000 евра по компанија и таа очекуваме да се случи најдоцна во период од 6 месеци по официјалниот старт на програмата. Позитивно оценетите компании од првата фаза може да добијат дополнителна инвестиција во износ до 100.000 евра“, изјавуваат од акцелераторот.
Останатите информации поврзани со критериуми за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб-страницата на „Сеавус акцелератор“: www.seavusaccelerator.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

