Економија
Пад на акциите на Дојче банка за една петтина од почетокот на март, инвеститорите загрижени
Цената на Дојче банк, најголемата германска банка, падна за повеќе од 11 отсто во петокот, по растот на кредитните „свапови“ во четвртокот навечер. Ова е трет ден на пад на цените, а севкупно цената падна за една петтина од почетокот на март.
Кредитните „свапови“ се форма на осигурување за сопствениците на обврзници на компанија од неисполнување на обврските, што е форма на осигурување за купувачите на обврзници од пропаѓање на банката. Фактот што оваа форма на осигурување сега е поскапа јасно покажува дека пазарот проценува дека ризикот од банкрот на Дојче банк драстично пораснал.
Инвеститорите се загрижени дека регулаторите и централните банки допрва треба да го задржат најголемиот шок за секторот од глобалната финансиска криза во 2008 година.
Паниката околу банкарскиот сектор започна со итното спасување на Кредит Суис, втората по големина банка во Швајцарија, која беше купена од УБС, најголемата швајцарска банка. Тоа донекаде и очигледно привремено ја смири паниката за колапсот на финансискиот сектор во Европа. Но се чини дека не е ни блиску да го спречи тоа.
Дополнително, на УСБ практично Швајцарската централна банка ѝ платила да го преземе „токсичниот“ Кредит Суис. Платената цена по акција е само 0,77 евра, што е смешно во споредба со она што вредеа пред десет до петнаесет години. Исплатени се само 3,2 милијарди долари, а со сето тоа Швајцарската народна банка им обезбеди 100 милијарди швајцарски франци заеми.
Централните банки и државните регулатори се надеваа дека посредувањето за продажба на Кредит Суис на домашен конкурент ќе помогне да се смират пазарите, но инвеститорите очигледно не се убедени дека договорот ќе биде доволен за да го задржи стресот во банкарскиот сектор.
Со последните случувања околу Дојче банк, јасно е дека стравувањата од ширење на кризата не се неосновани. Паниката во финансискиот сектор инаку е многу тешко да се контролира, особено кога проблемот одеднаш се појави на двете страни на Атлантикот, и во САД и во Европа.
Во најновиот обид да ги смири инвеститорите, американското Министерство за финансии соопшти дека Советот за надзор на финансиската стабилност – кој ги сочинува шефовите на различни американски регулатори – се согласи на состанокот во петокот дека банкарскиот систем на САД е „здрав и еластичен“.
Со состанокот претседаваше американската министерка за финансии Џенет Јелен, чии коментари будно ги следат пазарите за да покажат колку далеку се подготвени властите да одат за да го зајакнат банкарскиот сектор по колапсот на Банката на Силиконската долина и Сигначр банката на почетокот на овој месец.
Претходно во текот на денот, германската Дојче банк беше ставена во центарот на вниманието на инвеститорите и падна за 8,5 отсто заедно со остриот скок на трошоците за осигурување на нејзините обврзници од ризикот од неисполнување на обврските. Индексот на акциите на врвните европски банки (SX7P) заврши со пад од 3,8 отсто.
Банкарските аналитичари ја истакнаа разликата помеѓу Credit Suisse AG – на која и требаше спас од поголемиот швајцарски колега UBS AG – и Deutsche Bank, велејќи дека германската банка може да се пофали со силни темели и профитабилност.
Истражувачката компанија Autonomous рече дека е „кристално јасно“ дека Deutsche „НЕ е следниот Credit Suisse“, додека аналитичарите на JPMorgan напишаа „не сме загрижени“ и дека темелите на Deutsche се „цврсти“.
Пол ван дер Вестхуизен, висок стратег во Рабобанк, ја наведе профитабилноста на Дојче како „фундаментална разлика“ меѓу двете европски банки, со оглед на тоа што Credit Suisse немаше профитабилна перспектива за 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

