Економија
Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, изјави на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.
Се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.
Денес бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби, но исто така ова зголемување дополнително ги оптоварува и граѓаните“, посочи претставникот на опозициската партија.
Според Петрушевски, со законот за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Со Mint Credit твојот аванс до плата носи повеќе ова лето!

Дојдовте до крајот на месецот, а вашата плата сè уште не пристигнала? Веќе сте ги покриле сите основни трошоци, а се појавува итна обврска? Звучи познато? Tокму во вакви моменти, кога е најпотребно, Аванс до плата од Mint Credit е решението што ви овозможува финансиска сигурност – веднаш.
Оваа услуга не е класичен кредит, туку финансиска поддршка за вработени лица, која ви помага да ја премостите краткорочната финансиска празнина до следната плата – без компликации, без долги процедури, без непријатност.
Што претставува Аванс до плата?
Понекогаш животот не се вклопува со распоредот за исплата. Авансот до плата е краткорочен, брз кредит од Mint Credit со едноставна постапка на аплицирање и брза исплата.
Создаден е токму за вакви ситуации, кога имате финансиска потреба, но не сакате или не можете да чекате. Без сложени процедури, без непотребни трошоци, без стрес. Во суштина, тоа е кредит кој го земате денес, а го враќате во рок до 30 дена.. Нема чекање, нема редици, нема бесконечни документи.
Колку може да добиете и под кои услови?
Mint Credit обезбедува Аванс до плата до 40.000 денари, со рок за враќање до 30 дена. Идеално решение за премостување на месечните финансиски празнини.
Процесот е дизајниран да биде брз и ефикасен, од моментот кога ќе поднесете апликација, одлуката ја добивате во рок од неколку минути, а средствата ги добивате директно на Вашата трансакциска сметка.
Со Mint Credit, авансот до плата ви носи многу повеќе. Аплицирајте за аванс до плата и автоматски учествувате во нашиот летен giveaway:
· 3x ранци
· 3x Bluetooth слушалки
· 1x лежалка
· 1x PlayStation 5
Како да аплицирате за аванс до плата?
Брзо, едноставно и целосно дигитално – преку нашата веб страна Mint Credit или преку мобилната апликација Mint App. Апликацијата е достапна на сите Android и iOS уреди и ви овозможува не само да поднесете барање, туку и да го следите статусот и да бидете постојано во контрола.
Процесот за аплицирање функционира на следниот начин:
1. Преку Mint Credit или директно од Mint App
2. Го избирате износот што ви е потребен
3. Пополнувате кратка апликација со основни податоци
4. Ја праќате апликацијата
5. По одобрување – парите се на вашата сметка
Сè се одвива за неколку минути. Без чекање. Без компликации.
Зошто да изберете аванс до плата од Mint Credit?
Ние не нудиме само кредит. Ние нудиме доверба, сигурност и брзина. Авансот до плата е поддршка во клучните моменти. Секој наш клиент добива персонализирана услуга, јасни услови и целосна транспарентност. Покрај тоа, со Mint App имате постојан пристап до вашите финансии, целосна контрола и можност да ги искористите и другите наши услуги, како осигурување, патувања и бонуси, сите на едно место.
Кога е аванс до плата најкорисен?
Секојдневието знае да биде непредвидливо. Авансот до плата е совршен финансиско решение кога:
· Ви пристигнува неочекувана сметка
· Треба да поправите уред или автомобил
· Имате важен настан што не може да се одложи
· Или едноставно сакате да си го олесните месецот без да влезете во минус
Со оваа услуга, не го менувате вашиот месечен ритам, туку само си давате мал поттик да поминете полесно низ краткорочниот финансиски предизвик.
Достапна финансиска поддршка кога животот не чека
Животот не чека. А зошто би чекале вие? Со авансот до плата од Mint Credit, добивате брза и сигурна финансиска поддршка во клучен момент.
Аплицирајте лесно преку нашата платформа или преку Mint App, и добијте ги средствата што ви се потребни, без стрес, без компликации, без одложување. Сите заслужуваме финансиска флексибилност. Аванс до плата од Mint Credit е дизајниран токму за тие моменти кога финансиската поддршка е најпотребна.
За повеќе информации, контактирајте не на телефон 15 107, или посетете не во една од нашите филијли.
ПР
Економија
(Видео)„ Фероинвест“: Рекордна жетва на Овче Поле – двојно повеќе силажа за биогасната електрана во Сарамзалино

Современата земјоделска технологија и системите за наводнување овозможија речиси двојно зголемени приноси од житни култури кај компанијата ФЕРОИНВЕСТ, кои се користат како суровина за биогасната електрана во Сарамзалино, општина Лозово.
Земјоделската фирма Ерџелија Полјоделство, која е дел од групацијата, годинава постигна 85% повисоки приноси од јачмен, пченица, ‘рж и третикале (хибрид меѓу пченица и ‘рж), споредено со минатата година. Заслугата за овој резултат се припишува на комбинацијата од подземно наводнување „капка по капка“ и најсовремена механизација.
Жетвата во Овче Поле беше изведена со високо ефикасни комбајни од најнова генерација – John Deere 8800 и Krone BigX 630.
Највисоки приноси се постигнати токму на површините каде што е инсталиран подземниот систем за наводнување, што уште еднаш потврдува дека и земјоделието бара вложувања и стручност како и секоја друга индустриска гранка.
Произведената силажа се складира во сило-бункерите на електраната заради оптимална ферментација, по што се комбинира со органски отпад и се користи како суровина за производство на биогас и електрична енергија.
Од ФЕРОИНВЕСТ најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции во модернизација на земјоделскиот сектор, кој има стратешка улога во енергетскиот циклус на биогасните електрани.
ПР
Економија
Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој момент, според Владата, претставува пресвртна точка и симбол на работата, посветеноста и разликата во пристапот кон големите проекти меѓу актуелната и претходната власт.
На свеченоста присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека не се работи само за пуштање на делница, туку за враќање на довербата на граѓаните.
„Само една година откако ја презедовме одговорноста за водење на државата, успеавме да го откочиме еден од најзаглавените инфраструктурни проекти. Овој автопат беше симбол на застој и срам, а денес е симбол на новото време. Секој метар е изграден со напор и волја да се стави крај на неуспесите од минатото“, изјави премиерот.
Тој најави дека веќе следната година автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција.
„Ова нема да биде случајна победа, туку планиран успех и резултат на секојдневна одговорна работа“, додаде Мицкоски.
Оптимизам за иднината изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој оцени дека со оваа делница се отвораат нови можности за граѓаните и туризмот во регионот.
„Ова е автопат кој ги поврзува Кичево, Охрид и Струга со Скопје, Тетово и Гостивар, но и со Албанија. Веќе денес, овие први 20 километри се реалност и корист од нив ќе имаат сите“, нагласи Николоски.
Тој потсети дека проектот бил оставен во заборав и запустен од претходната Влада.
„Ова беше симбол на неспособноста на СДСМ и ДУИ. Немаше ниту работници, ниту инженери, ниту механизација. А денес е доказ за нашата посветеност и тоа е клучната разлика“, рече Николоски, додавајќи дека е симболично што првиот дел се отвора токму во славна Дебарца.
Изградбата на целокупниот автопат, кој е со вкупна должина од 57 километри, треба да биде завршена до крајот на 2026 година.