Економија
Пет години KARIERA.mk: отсега и ОГЛАСИ за недвижности, возила и сѐ што вреди да се огласи!
KARIERA.mk во месец ноември го одбележува својот 5ти роденден! Досега, KARIERA.mk беше местото каде секојдневно се среќаваа работодавачите и активните баратели на работа! За овие 5 години, KARIERA.mk успешно соработуваше со над 4.500 компании од државата и странство кои имаат потреба од нова работна сила, објавивме над 28.000 огласи за работа и зачленивме над 123.000 корисници. Дополнително, организиравме многу настани и обуки, бевме присутни на голем број медиуми и се вмреживме во круговите на најголемите HR професионалците од регионот!
Бидејќи сме тим кој се радува на предизвици и нови проекти и константно сме во динамична атмосфера, со цел да им овозможиме одлично искуство на нашите корисници, нашиот 5ти роденден решивме да го прославиме преку големо проширување на нашиот сервис со додавање на огласи за недвижности, возила и се останато што вреди да се купи и продаде на едно место. Проширувањето на нашиот сервис е инспирирано од реалната потреба за комплетна и модерна платформа за огласување во нашата држава која ќе даде едноставно и одлично искуство за нашите корисници со повеќе опции на едно место.

Отсега, нашиот сервис прераснува во обемна платформа која ќе изобилува со огласи од различни категории каде корисниците ќе можат да најдат се она што им е потребно во моментот на едно место. Како иновативно решение, во сервисот интегриравме реална мапа за карактеристично доживување на корисникот, преку споредба на локации на недвижнините и цените за истите. Дополнително, нашиот нов сервис за огласување е изграден низ голем број на конкретни филтри за пребарување со што постигнавме корисникот најбрзо да дојде до посакуваните конкретни огласи кои му се потребни. Она што можеби најмногу од корисниците ќе ги интересира е дека нашиот сервис е БЕСПЛАТЕН и нема ограничување на бројот на огласи кои имате потреба да го поставите во било кој момент!
На крај, за овие 5 години поддршката од нашите корисници беше основната линија која не инспирираше да се приспособуваме на нивните барања и да правиме измени на нашиот сервис со цел полесно снаоѓање на корисниците. KARIERA.mk е успешна приказна која продолжува да расте и да се развива, па затоа ве покануваме да го погледнете новиот лик на KARIERA.mk и секако, освен вашата посета на делот за огласи за вработување, отсега, БЕСПЛАТНО да објавите се она што сакате да продадете или пак да почнете да пребарувате се она што ви е потребно да го купите. Придружи се на нашата роденденска прослава и почни да огласуваш БЕСПЛАТНО!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

