Економија
Под притисок од САД, Израел ја отфрли кинеската понуда за изградба на најголема фабрика за десалинизација
Под притисок од САД, Израел назначи локална компанија за изградбата на „Сорек 2“, фабрика за десалинизација, која ќе биде најголема во светот, наместо кинеска компанија, пренесува „Џерусалим пост“.
Веста доаѓа една и пол недела по посетата на државниот секретар Мајк Помпео на Ерусалим за време на која тој го повика Израел да ги намали врските со Кина.
Меѓу понудувачите за договорот вреден 1,4 милијарда американски долари беше и „Хатчисон вотер“, подржница на кинеската „ЦК Хатчинсон груп“, со седиште во Хонг Конг. Компанијата е основана од Ли Ка-Шинг, кој минатата година беше 30-ти најбогат човек во светот.
Наместо тоа, израелското Министерство за финансии ја ангажира израелската „ИДЕ технолоџис“ за изградба на фабриката што ќе биде завршена во 2023 година.
САД ги повикаа Израел и неколку други сојузници да ги прекинат врските со Кина во областите со безбедносни ризици. Предложената фабрика за десалинизација, освен што е дел од стратешката инфраструктура на Израел, ќе биде изградена во непосредна близина и на нуклеарниот центар „Сорек“ и воздухопловната база „Палмачим“.
САД конкретно го означија учеството на „Хатчинсон вотер“ и, според израелски официјален претставник, го повикале Израел да го преиспита за учеството на кинеската компанија на тендерот.
„Сорек 2“ е наменета за десалинизација на вода за цена од 1,45 до 0,65 НИС за кубен метар (0,41 – 0,19 американски долари) поевтино од постојните решенија за десалинизација, се вели во соопштението од министерствата за финансии и за енергија. До 2023 година фабриката ќе произведува 200 милиони кубни метри годишно десалинизирана вода од Медитеранот.
„Пред речиси две години одобрив револуционерна владина програма за справување со идните периоди на суша, во која решив да ги удвојам целите за десалинизација до 2030 година“, рече министерот за енергетика, Јувал Штајниц.
„Фабриката за десалинизација, која ќе биде најголема од ваков вид во светот, е резултат на спроведувањето на оваа програма, а заедно со објектот за десалинизација во западна Галилеја, чија изградба веќе е во тек, значително ќе ги зголемат обемот за развој и состојбата на израелскиот пазар на вода“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

