Економија
Практична, современа и пространа: „Oпел“ ја открива целосно новата ASTRA SPORTS TOURER
• Премиера: целосно новата Astra Tourer е првиот караван на Opel што ја содржи новата смела и елегантан дизајнерска филозофија на Opel
• Електрифициранa: Веднаш достапна од почеток на продажбата со plug-in хибриден погон
• Пространа: Практичниот багажник овозможува складирање до 1634 литри
• Паметна: подвижен под „Intelli-Space“ кој ги оптимизира волуменот и практичноста на багажникот
• Карактеристика: лицето на брендот Opel визирот и дигиталниот cockpit Pure Panel
• Комфор: ергономските седишта сертифицирани од AGR* (Кампања за поздрав грб) обезбедуваат оптимална удобност и поддршка
По светската премиера на најновата генерација на хечбегот Astra во септември, Opel денеска го претстави караван моделот, целосно новата Astra Sports Tourer.
Најновиот модел ќе биде достапен со plug-in хибриден погон уште од самото лансирање, што ќе го направи првиот електрифициран караван на британскиот производител.


Првиот смел и елегантен караван: целосно новaта Astra Sports Tourer со Opel визирот и Pure Panel
Заедно со Astra хечбегот со пет врати, современата Astra Sports Tourer е вистинско дизајнерско остварување и првиот караван на Opel што ја носи новата смела и елегантна дизајнерска филозофија на брендот. Opel визирот во предниот дел има единствена, елегантна плоча во која се сместени новото лого на Griffin и различните системи за помош на возачот при возење и безбедност, овозможувајќи и на Astra Sports Tourer да постигне елегантен и остар преден изглед. На предниот дел на визирот се сместени и LED предните светла и предната камера.
Позади, во центарот на задната врата се наоѓа Opel Griffin. Задниот дел ги има истите вертикално порамнети, високо монтирани стоп светла како кај Astra хечбегот – дополнително зајакнувајќи ги семејните врски на Astra.
Дизајнерската револуција продолжува во внатрешноста. Целосно дигиталниот интерфејс човек-машина Pure Panel (HMI) им нуди на клиентите возбудливо, интуитивно искуство и се одликува со 10” инструмент табла и 10” дигитален екран на допир. Важните поставки како што е контролата за клима уредот сè уште може да се изберат директно преку физичките прекинувачи под централната конзола за полесен пристап. Astra Sports Tourer им обезбедува на возачите и патниците најново поврзување со паметните телефони, со безжичните Apple CarPlay™ и Android Auto како стандардни во сите модели.
Со должина од 4.642 mm, ширина 1.860 mm и висина 1.480 mm и со висина на товарење од 600 mm, практичната Astra Sports Tourer дополнително ја зајакнува водечката репутација на Opel во сегментот на каравани и е уште еден приказ на познатиот талент на Opel за ефикасно пакување. Целокупната должина е 60 mm пократка во споредба со претходната генерација на Astra Tourer, благодарение на краткиот преден испуст и се одликува со 57 mm подолго меѓуоскино растојание во споредба со целосно новата Astra хечбег, од 2.732 mm.


Практичен и разноврсен: подвижен под „Intelli-Space“
Багажникот на Astra Sports Tourer обезбедува до 608 литри корисен простор за складирање со исправени задни седишта и до 1.634 литри кога се преклопени. Дополнително, кога се преклопуваат поделените задни седишта 40:20:40, подот е целосно рамен – што го олеснува товарењето на долгите и гломазни предмети. Дури и со својата подна литиум-јонска батерија, plug-in хибридната верзија нуди волумен од 548 литри и 1.574 литри.
Бензин и дизел верзиите на Astra Sports Tourer може да се опремат со опционалната функција „Intelli-Space“. Овој подвижен под за товар може лесно да се прилагоди со една рака во висока и ниска позиција и да се навалува под агол од 45 степени. Дополнително, за уште поголема удобност, капакот за складирање во багажникот што се извлекува може да се складира кога подвижниот под е и во горна и во долна положба – за разлика од конкурентите кои дозволуваат складирање на капакот само кога подот е во горна позиција.
Astra Sports Tourer со „Intelli-Space“ исто така може да го олесни животот во случај на дупнат пневматик. Комплетите за поправка на пневматици и прва помош се чуваат во паметни подни прегради до кои може да се пристапи од багажниот простор или од задните седиштата. Ова значи дека комплетите може да се дофатат без да треба целосно да се отпакува багажникот.

Извонреден комфор
Astra Tourer, исто така, обезбедува незаменлива удобност за возачите, типична за Opel. Развиени од компанијата, предните седишта кај Astra Sports Tourer се сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken е.V. / Кампања за поздрав грб (AGR)*. Ултра-ергономските седишта се најдоброто што може да го понуди компактната класа и се исклучително удобни, особено за долги патувања.


Погони
Astra Sports Tourer ќе биде достапна со plug-in хибридна технологија која произведува моќност до 225 КС. Покрај plug-in хибридните верзии, Astra Sports Tourer ќе биде достапна и со високоефикасни бензински и дизел мотори. Моќноста се движи од 110 КС до 130 КС кај бензинските и дизел верзиите. Шест-степениот менувач е стандарден кај бензинските и дизел погонските единици, додека plug-in хибридните верзиите се стандардно со осумстепената автоматика на Opel.

Забелешка
* AGR (Кампања за поздрави грбови) е независен центар за извонредна ергономија, со седиште во Германија. Дознајте повеќе овде: https://www.agr-ev.de/en/back-friendly-products/the-agr-seal-of-approval
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

