Економија
Преку моделот „бизнис-ангели” малите и средни претпријатија полесно ќе доаѓаат до инвестиции
На Форумот за афирмација за потребата од институционално регулирање на финансирањето преку моделот на „бизнис-ангели”, кој се одржа денеска, учествуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.
„Бизнис-ангели“ се всушност инвеститори во бизнис-проекти, старт-ап програми и мали и средни претпријатија. Во светски рамки приближно 50 милијарди долари се инвестираат преку оваа форма на инвестирање.
Вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање ја поздрави иницијативата за организирање на форумот и ја истакна важноста на поддршката од ангел-инвеститорите што ја добиваат старт-ап компаниите, кои всушност ги водат и обликуваат иновациите и ги забрзуваат структурните промени во економијата, ја унапредуваат конкуренцијата и придонесуваат за продуктивност и креирање работни места.
„Луѓето што имаат идеи и имаат амбиција за да го реализираат својот бизнис-план во почетокот немаат финансиски средства за тоа. Во тие услови многу е тешко да се појавите во некоја банка и да побарате кредит бидејќи секоја банка бара да имате некоја историја или хипотека. Младите луѓе кои имаат идеи не секогаш имаат хипотека, а историја немаат никаква, бидејќи се занимавале со нешто друго или не ја реализирале идејата. Многу идеи во нашата држава се пропаднати токму од таа причина, бидејќи не можат да најдат извор за финансирање одат во заборав и никогаш не се реализирани“.
Меѓутоа, како што рече вицепремиерот, денес тековите се менуваат и најголемите компании кои денеска котираат на берзите се на луѓе што не наследиле богатство, туку што почнале од нула.
„Можам само да ве потсетам на основачите на ‘Епл’, на ‘Тесла’, на ‘Амазон’, тоа се луѓе коишто своите компании ги стартувале од нула и успеале. Денеска капитал има многу, капитал имаат банките, но тие мораат да бидат конзервативни затоа што ги штитат депозитите на граѓаните и мораат да почитуваат извесни критериуми“, изјави Анѓушев.
Министерот за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ, истакна дека владата сите досегашни активности поврзани со инвестирање преку „бизнис-ангели“ ги реализирала во соработка со бизнис-секторот.
„Владата на РМ ги почна активностите за испитување на можностите за измена на постоечката, како и за донесување на нова регулатива за овозможување на полесен пристап за инвестирање преку моделот на ‘бизнис-ангели’. Очекуваме оваа форма којашто до сега во Македонија се реализира во многу мал обем во иднина да прерасне во солиден извор на финансирање на бизнис-секторот што ќе значи унапредување на севкупната економија“, нагласи Шапуриќ.
На денешниот Форум присуствуваа и претседателот на светски бизнис-инвестициски форум на „бизнис-ангели“, Бајнарс Алтунташ, претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, Таки Фити, и претседателите на Стопанските комори на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика
Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.
Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.
„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.
Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.
„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.
Економија
Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање.
Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи.
Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека и нема услови за работа на инспекторатот, а нема ниту огласи за вработување лектори.
Костадиновска Стојчевска истакна дека не се доделени никакви средства адаптација на основното училиште во Љубојно во центар за промоција на македонски јазик, каде нема никакво придлижување.
Буџетот за реконструкцијата на објектот Музеј на Македонија е намален 33%, а да ве потсетам таму се на ревитализација иконите вратени по првата реституција, и тоа 21 икона украдени во 2013 година, а откако ќе се ревитилазираат треба да бидат изложени во тој музеј, рече Костадиновска Стојчевска.
Тоа кажува за приоритетите на министерството за култура, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пред собраниската комисија за финансирање.
Економија
Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура
На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.
„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.
Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.
„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

