Економија
Регионални експерти и македонски бизнисмени ќе споделуваат искуства за пренос на споственоста на семејните бизниси
Малите и средни петпријатија , кои се најчесто и семејни бизниси, вработуваат 76 проценти од работоспособното население во земјата и тие се стожер на македонското стопаство. Фактот дека нивниот опстанок е загрозен, во дури 70 отсто случаеви, доколку не се направи правилен пренос на сопствеништвото или не се професионализира на време компанијата е загрижувачки.
Од, друга страна во Македонија сопствениците кои ги основале овие бизниси пред 30тина години, сега се во својата шеста или седма деценија од животот и сега е време да посветат внимание на прашањата врзани за преносот на семејниот бизнис.
На 19 јуни во Сити Хол Центар, Скопје, ќе се одржи четвртата конференција – „Најголемиот предизвик на семејниот бизнис“ во организација на Clear View бизнис тренинг центар на која македонските бизнисмени кои се свесни за важноста за подготовката за овој процес на пренос на сопственоста ќе имаат можност да слушнат:
Регионално истражување за процесот на пренос на сопственост
• Каде сме и на каде треба да се движиме?
• Каква е регионалната, а каква европската практика?
• Дали е ова грижа само на сопствениците ?
Искуства
Не постои единствено решение за ова прашање. Едукацијата има свое место, но потребно е и:
• Да се разговара на темата
• Да се погледне во искуствата на другите.
• Извлечените поуки да се применат соодветно на специфичните семејни и компаниски прилики.
Правни аспекти на процесот
• Проблеми и последици од непознавање на правните механизми
• Зошто се водат долгогодишни спорови за решавање на прашањето на наследство?
• Може ли тоа да се спречи ? Како? Кои решенија треба навремено да ги вградите?
На конференцијата како гости и оваа година ќа бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси. Повеќе детали за конференцијата има на официјалниот сајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

