Економија
Реконструкцијата на патниот правец Прилеп – Вештачко езеро
Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, претседателот на Советот во општината и претставници од Собранието на Република Северна Македонија, извршија увид на градежните работи околу реконструкцијата на патот Прилеп-Прилепско езеро.
Станува збор за патен правец во должина од 8 километри, од кои минатата година со градежни зафати беа опфатени 2 километри за што беа издвоени 160 илјади евра средства од ЈП за државни патишта и 160 илјади евра од општина Прилеп.

Оваа година со рехабилитација ќе бидат опфатени околу 4,2 километри од патниот правец Прилеп-Прилепско езеро, инвестиција од 520 илјади евра, обебзедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
„Овај пат согласно консултациите кои ги имавме со изведувачите ќе биде целосно саниран и реконструиран до почетокот на август. Сакам да потенцирам дека во делот на Пелагонискиот регион, покрај овај пат кој што се реконструира се работи на патот од Градско до Дреново, се работи во делот на Битола – Демир Хисар, направена е обиколницата околу Битола, направен е патот од Битола до Новаци, се предвидува да бидат направени патот од Крушево, Кривогаштани – Крушево и се работи на проектирање на автопатот од Прилеп до Битола. Исто така ќе се реконструира постоечкиот пат од Битола до Меџитлија и паралелно се работи на проект за експресен пат од Битола до Меџитлија“, изјави министерот Сугарески.
Градоначалникот Илија Јованоски рече дека освен реконструкцијата на патот Прилеп – Прилепско езеро која се прави со средства од ЈП за држани патишта Општина Прилеп ја реализира својата годишна програма за улици и патишта.

„Во тек е изведувањето на ударните дупки по сообраќајниците во градот, почната е реконструкцијата и рехабилитацијата на одреден број улици, денес се работи на улицата „11 Октомври“, ќе следи „Стеван Апостолоски“ потоа „Ѓорѓи Димитров“ и сите што се предвидени во програмата за оваа година. Оваа година ќе се асфалтираа сите неасфалтирани улици во Прилеп. Онаму каде што се задира во приватно право и има нерешени имотно правни односи,апелирам до сите граѓаните да дојдат во општина со цел да се регулираат сите прашања за да можат и тие улици да се асфалтираат“, рече градоначалникот Јованоски.
Од наредната недела како што потенцираше градоначалникот Јованоски, ќе започне реконструкцијата и изградбата на нов мост на улицата „Трајко Нилолоски“ во населбата „Сточен пазар“ каде ќе биде реконструирана и патната инфраструктура до крајот на месец октомври се со цел да се олесни сообраќајот во овој дел од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

